Одделението за меѓународна соработка и европски фондови претставува посебна организациона единица во рамките на секторот за Локален економски развој и заштита на животната средина, во состав на Општина Струмица.
Одделенето за меѓународна соработка и европски фондови e одговорно за координирање на меѓународна соработка на Општина Струмица преку воспоставување на односи за соработка и комуникација како со претставници и организации од соседните земји, така и пошироко.
Основниот фокус на одделението всушност е обезбедување на проекти кои се финансирани во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и други донатори, како и следење и обезбедување на друга странска помош.
Во тој контекст, одделението за меѓународна соработка и европски фондови е формирано за следење на програми на Европската Унија и други странски донатори, изготвување и спроведување на договори за билатерална, регионална и меѓународна соработка, меморандуми за соработка, продлабочување на соработката со збратимени општини, како и подготовка на сите останати меѓународни документи и комуникација на меѓународен план.
Листа на реализирани проекти од страна на Одделение за Меѓународна соработка и европски фондови
Бр.
|
Наслов на проектот
|
Програма
|
Буџет
|
Период на реализација
|
1.
|
„Ефикасно користење на соларна енергија за подобра иднина - SP Future“/
Реф. Број - 2007CB161PO07-2011-2-94
|
ИПА Програма за Прекугранична соработка Р. Македонија - Р. Бугарија
(II Компонента)
|
189,974.00 Евра
|
2012 - 2014
|
2.
|
„Заштита и промоција на природното и културното наследство во прекуграничниот регион на Општина Струмица и Општина Кукуш - Наследство” - CRIS No: IPA/2009/DN021101/CN 307-608
|
ИПА Програма за Прекугранична соработка Р. Македонија - Р. Грција
(II Компонента)
|
324,659.50 Евра
|
2012 - 2015
|
3.
|
„Развој на Алтернативни форми на туризам - Податоци за Туризам“ /
CRIS No: IPA/2009/DN021101/CN 307-693
|
ИПА Програма за Прекугранична соработка Р. Македонија - Р. Грција
(II Компонента)
|
134,160.00 Евра
|
2012 - 2014
|
4.
|
“Набавка на товарно возило за превоз на храна во пет детски градинки и народна кујна”
|
Програма за мали проекти на Германската Амбасада
|
Вкупен буџет на проектот: 14.240 евра.
Донација од Германска Амбасада: 8.000 евра.
Буџет на општина Струмица: 3.000 евра.
Буџет на ЈОУГД “Детска Радост”: 3.240 евра.
|
07.10.2014 - 28.11.2014
|
5.
|
„Создавање на поволно деловно опкружување за економска одржливост на прекуграничниот регион Струмица - Кичево - Кукуш“ - Бизнис Мрежа С-К-К; IPA/2010/DN023657/CN2016/375-951
|
ИПА Програма за Прекугранична соработка Р. Македонија - Р. Грција
(II Компонента)
|
237,250.50 Евра
|
2016 - 2017
|
6.
|
„Еко-градинки за одржлива иднина“ / Референтен број - CB006.1.11.079
*Корисник на проектот е ЈОУДГ „Детска Радост“ - Струмица, а имплементатор е општина Струмица.
|
Интеррег-ИПА Програма за Прекугранична соработка Р. Македонија - Р. Бугарија 2014-2020
|
198,972.21 Евра
|
2016 - 2018
|
7.
|
„Специјално патничко возило за сите ранливи групи во Општина Струмица”
|
Среднорочна програма за развој и хуманитарна помош 2016-2019 на Влада на Република Бугарија
(Донација од Амбасада на Република Бугарија во Република Македонија)
|
35.790,43 евра
|
2017 – 2018
|
8.
|
„Промоција на туризмот и културата“ - ToCulter / Референтен број - CN1-CO1.3-SCO22
|
Интеррег-ИПА Програма за Прекугранична соработка Р. С. Македонија - Р. Грција 2014-2020
|
165,999.98 Евра
|
2018 - 2019
|
9.
|
„Повеќенаменски социјален центар во Општина Струмица“
|
Среднорочна програма за развој и хуманитарна помош 2016-2019 на Влада на Република Бугарија
(Донација од Амбасада на Република Бугарија во Република Македонија)
|
138.048,80 евра
|
2017 - 2019
|