СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ
Има многувековна традиција и се одржува секоја година за време на христијанскиот празник Тримери, на големиот Велигденски пост. Датумот на одржување се менува во зависност од Велигден, a денот на одржување секогаш е вторник после чист понеделник.

Зборот карневал, доаѓа од латинските зборови: carne - месо и vali - збогум. Карневалот претставува еден остаток од еден култ од паганското време и во суштина ги означува славењето на плодноста и прочистувањето од сенишните енергии на секојдневието. Во 1670 година турскиот патеписец Евлија Челебија, кога претстојувал во Струмица запишал:"Дојдов во еден град, расположен во полите на еден висок баир и видов како таа ноќ маскираните луѓе претрчуваа од куќа во куќа , низ смеа, писок и песна".

Од 1991 година, па до сега е воспоставена организирана форма на карневалот. Во 1994 година, Струмица станува член на ФЕЦЦ (федерација на европски карневалски градови), а во 1998 година беше домаќин на XIX интернционален конгрес на карневалски градови. Свеченото отварање на карневалот се случува во сабота вечер со маскенбал на кој се избираат Принцот и Принцезата. Во неделата се одржува детскиот карневал, а после чистиот понеделник, во вторникот е е главната карневалска вечер. На карневалот покрај учесниците од земјава , учествуваат и групи од странство и се доделуваат поединечни и групни награди на слободни и изворни теми. Во рамките на карневалот од 2000 година се одржува фестивалот за карикатури и афоризми

Kалендар на настани:
Сабота:
Маскенбал на кој се избираат Принцот и Принцезата на карневалот кои ја предводат карневалската поворка.
Недела:
Прочка, Детски карневал.
Понеделник:
Чист понеделник, строг пост.
Вторник:
ГЛАВНА КАРНЕВАЛСКА ВЕЧЕР. Почеток 19.00 часот.
Среда: Тримери, Празник на армасаните. Мегународен фестивал на карикатура и афоризам, Прогласување на најуспешните маски на карневалот.
Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам
Се одржува во склоп на традиционалните карневалски празнувања во Струмица, во време на Тримерските обичаи.Темата на фестивалот е карневалот со лесна еротика и има награден карактер.
Учество на фестивалот земаат многу домашни и странски карикатуристи и уметници. Како резултат од фестивалот Центарот т.е градот Струмица располага со веќе значителен фонд на карикатури и афоризми.
Подетално на www.strumicakarneval.org.mk