Уплатна сметка
Назив на примач: Буџет на општина Струмица
Банка на примач:НБРМ
Сметка: 100 0000000630 95
Уплатна сметка: 840 166 03390
Приходна шифра: 722316 00
Цел на дознака: градежни такси
Тарифен Број 1
-Поднесоци: 50 денари
Градежни такси
Тарифен број 80
1. За издавање на извод од урбанистички план за:
- градежни објекти до 500м2: 500ден.
- градежни објекти над 500м2: 750ден.
- далноводи со напон до 110кв: 1000ден.
- термоелектрични и хидроелектрични централи: 1200ден.
- депонии: 1500ден.
- регулации и зафати на реките Вардар, Лепенец, Треска, Пчиња, Брегалница, Црна река, Струмешница, Црн Дрим и Радика и брани со акумулации на другите реки и водотоци чие набљудување е задолжително според постојните прописи: 1700 ден
- складишта за течни горива и течен гас: 2000ден.
- бензински пумпи со придружни објекти,главни поштенски центри радиостаници и предаватели: 2200ден.
Тарифен број 81
1. За поднесено барање за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ: 1500 ден.
Тарифен број 82
1. За поднесено барање за давање на градежно земјиште сопственост на РМ на долготраен закуп: 1800 ден.
Тарифен број 83
1. За поднесено барање за давање на градежно земјиште сопственост на РМ под краткотраен закуп: 1200 ден.
Тарифен број 84
1. За поднесено барање за стекнување на право на сопственост од поранешен сопственик: 1000 ден.
Тарифен број 85
1. За поднесено барање за издавање на решение со кое се одобрува архитектонско-урбанистички проект: 1500 ден.
Тарифен број 86
1. За поднесено барање за издавање одобрение за подготвителни работи:
- градби од прва категорија: 2500 ден.
- градби од втора категорија: 1500 ден.
Тарифен број 87
1. За поднесено барање за издавање одобрение за градење за доградба, надградба и реконструкција на постоен објект:
- градби од прва категорија: 2500 ден.
- градби од втора категорија: 1500 ден.
Тарифен број 88
1. За поднесено барање за издавање на одобрение за градење:
- градби од прва категорија: 3500 ден.
- градби од втора категорија: 1500 ден.
Тарифен број 89
1. За поднесено барање за издавање на решение за адаптација и пренамена на постоен објект:
- градби од прва категорија: 1500 ден.
- градби од втора категорија: 800 ден.
2. За поднесено барање за издавање на решение за изведување на градби, односно поставување на опрема за градби за кои не е потребно издавање одобрение за градење: 800 ден.
Тарифен број 90
1. За поднесено барање за издавање на одобрение за употреба:
- на градби од прва категорија: 4000 ден.
- на градби од втора категорија: 4000 ден.
Тарифен број 91
1. За поднесено барање за издавање на решение за промена на инвеститор:
- градби од прва категорија: 2500ден.
- градби од втора категорија: 1000 ден.
Тарифен број 92
1. За поднесено барање за издавање на решение со кое се врши измена на градбата во текот на градење:
- градби од прва категорија: 2500ден.
- градби од втора категорија: 1000 ден.
Тарифен број 93
1. За поднесено барање за издавање на одобрение за поставување на времени објекти и урбана опрема: 1000 ден.
Тарифен број 94
1. За поднесување на жалба против првостепено решение: 200 ден.