2009-5-3


08.05.2009 | Четврта седница на Советот на Општина Струмица.

Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски ја закажа четвртата седница на Советот на општина Струмица за 15.05.2009год. (петок) во 11.00 часот.
Дневниот ред за четвртата седница може да го превземете

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа ("Сл. весник на РМ" бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица" бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ четвртата седница на Советот на општина Струмица за ден 15.05.2009 год. (петок). Четвртата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата   предлагам:

I

Усвојување на записникот од третата седница на Советот на општина Струмица.

II

Д н е в е н    р е д

  1. Предлог-Буџетски календар за подготовка и донесување на Буџетот на општина Струмица за 2010 година;
  2. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на oпштина Струмица за првиот квартал од 2009 година
  3. Предлог – Заклучок за усвојување на Локален акционен план- Стратегијата за Ромите и малцинските етнички групи 2009-2015, во Општина Струмица;
  4. Предлог – Заклучок за усвојување на Локален акционен план за контрола на туберколозата 2009-2013, во Општина Струмица;
  5. Финансиски извештај со годишна завршна сметка на СОУ „Јане Сандански” за 2008 година;
  6. Финансиски извештај со годишна завршна сметка на СОУ „Димитар Влахов” за 2008 година;
  7. Финансиски извештај со годишна завршна сметка на СОУ „Никола Карев” за 2008 година;
  8. Финансиски извештај со годишна завршна сметка на ОУ „Маршал Тито” Струмица за 2008 година;
  9. Финансиски извештај со годишна завршна сметка на ОУ „Сандо Масев” Струмица за 2008 година;
  10. Финансиски извештај со годишна завршна сметка на ОУ „Видое Подгорец” Струмица за 2008 година;
  11. Финансиски извештај со годишна завршна сметка на ОУ „Никола Вапцаров” Струмица за 2008 година;
  12. Финансиски извештај со годишна завршна сметка на ОУ „ Гоце Делчев” Вељуса за 2008 година;
  13. Финансиски извештај со годишна завршна сметка на ОУ „Герас Цунев” Просениково за 2008 година;
  14. Финансиски извештај со годишна завршна сметка на ОУ „Св.Кирили Методиј” Дабиле за 2008 година;
  15. Финансиски извештај со годишна завршна сметка на ОУ „Даме Груев” Куклиш за 2008 година;
  16. Финансиски извештај со годишна завршна сметка на ОУ „Маршал Тито” Муртино за 2008 година;
  17. Финансиски извештај со годишна завршна сметка на ОМУ „Боро Џони “ Струмица за 2008 година;
  18. Финансиски извештај со годишна завршна сметка на ЈОУДГ „Детска Радост” Струмица за 2008 година;
  19. Извештај за работа со годишна завршна сметка на Дом за деца и млади „Благој Мучето” Струмица за 2008 година;
  20. Извештај за работа со годишна завршна сметка на ЛУБ „Благој Јанков Мучето” Струмица за 2008 година;
  21. Извештај за работата на ЈПКД „Комуналец” Струмица за 2008 година;
  22. Годишна сметка на ЈПКД „Комуналец” Струмица за 2008 година;
  23. Предлог - Одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на општина Струмица;
  24. Предлог - Решение за именување претседател и членови на Комисијата за вршење отпис на основни сретства и ситен инвентар сопственост на општина Струмица;
  25. Предлог-Одлука за давање на времено користење на опремата на „Детскиот град” Струмица;
  26. Предлог-Решение за именување на претседател и членови на Комисијата за спроведување на постапката за давање на времено користење на опремата на „Детскиот град“ Струмица;
  27. Предлог - Одлука за висината на надоместокот за работа на Комисијата за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот;
  28. Предлог - Одлука за определување на надоместок за учество во работата на работните тела на Советот на општина Струмица;
  29. Предлог - Одлука за определување надоместок за учество во постапката при склучување бракови;
  30. Предлог - Одлука за начинот на користење на просторот во зградата на Дом на АРМ во Струмица;
  31. Предлог-Одлука за донесување Урбанистички план вон населено место Водоча локалитет м.в. „Тилци”;
  32. Предлог - Заклучок за утврдување на Нацрт –Урбанистички план вон населено место Водоча локалитет м.в. „Попово Лозје“;
  33. Предлог - Одлука за преземање на користењето и управувањето со водоводните системи на населените места: Дабиле, Добрејци, Просениково и Градско Балдовци;
  34. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2008 година;
  35. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција и одржување и заштита на локалните патишта и улици на територијата на општина Струмица за 2008 година;
  36. Извештај за реализација на Програмата за одржување на улици во град Струмица како и локални патишта во општина Струмица во зимски услови за 2008/2009 година;
  37. Извештај за реализација на Програмата за урбанистички планови во општина Струмица за 2008 година; и
  38. Информација за реализација на Програмата за јавно осветлување во општина Струмица за 2008 година.

Напомена: Предлози за именување на членови по точките 24 и 26 да се достават до Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања, најдоцна до 14.05.2009 година до 10 часот.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544