Вести - Февруари 2016

Се одржа обука за дефектолози и логопеди со финансиска поддршка на општина Струмица

 Во рамките на својата научно-стручна агенда и принципите за што поголема професионализација и стручност на дефектолозите и логопедите, како и стручните служби во инклузивната образовна средина, Сојузот на дефектолози на Република Македонија, повторно во Струмица - најинклузивната и најсензитивната општина во државата организираше бука на тема: „Пристапи и поддршка на децата со тешкотии во учењето предизвикани од дислексија, дисграфија и дискалкулија“. 

Општина Струмица ја одбележа 12-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Со пригодна свеченост општина Струмица, денеска, ја одбележа 12-годишнината од трагичната смрт на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски. Пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк цвеќе положија претставници на семејството Трајковски, општина Струмица, општинскиот одбор на борците, претставници на јавни институции, политички партии и граѓани.

Ученици од мешан етнички состав во ООУ „Маршал Тито“ во заедничка активност „Кое годишно време го сакам“

Во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица се реализираше заедничка воннаставна активност поврзана со четирите годишни времиња преку еколошката секција во која беа вклучени ученици од четвртите одделенија кои следат настава на македонски и турски наставен јазик, насловена како „Кое годишно време го сакам“.

Ќе се проширува зонското паркирање на улиците каде што има голем сообраќаен метеж

Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“ деновиве интензивно работи на подготвување на проектната документација која што е неопходна за отпочнување на процедурата за воспоставување зонско паркирање во сите останати подрачја, улици и површини за кои е донесена одлука од Советот на општина Струмица. 

„Комуналец“ ќе спроведе акција за вонредно собирање отпад

На 28.02.2016 година (недела) од 8 до 16 часот Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ќе спроведе акција за вонредно собирање отпад од гранки и треви од дворните места на граѓаните од градот.За таа цел се повикуваат граѓаните кои што имаат таков вид на отпад да го изнесат пред нивните куќи и да се јават на дежурниот телефонски број 034 325 909 за да можат екипите на „Комуналец“ да го подигнат.


Одбележан патрониот празник во училиштето во Просениково

Учениците и вработените во основното општинско училиште „Герас Цунев“ од населеното место Просениково, денеска, го одбележаа патрониот празник. На одбележувањето присуствуваше и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов. По положувањето свежо цвеќе пред спомен бистата на Герас Цунев, беше изведена богата свечена програма.Раководството на основното општинско училиште „Герас Цунев“ од Просениково, постојано работи на подобрување на условите за учениците и вработените. Последниот реализиран градежен зафат е изградбата на нов санитарен јазол, кој што од денеска е во функција, а со финансиска поддршка на општина Струмица.


„Паркиралишта – Струмица“ донираше играчки во градинката „Детска радост“

Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“ денеска донираше играчки во клонот 3 на градинката „Детска радост“ во Струмица. Според Верица Узунова, директор на претпријатието, по вторпат се донира во градинката согласно одлуката еден процент од приходите остварени преку зонското паркирање да се донираат во градинката „Детска радост“. Првата донација се реализираше во септември минатата година во клонот 6.Оваа година одлучивме да донираме во клон 3 каде што дечињата се подготвуваат за еден од најважните процеси во животот, а тоа е образовниот процес и кои еве за неполни шест месеци ќе тргнат во прво одделение, а тоа е најголемата возрасна група.

Скулптурата во големиот градски парк повторно е осветлена

Блесна скулптурата која што се наоѓа во големиот градски парк и му даде посебна убавина во вечерните часови. Осветлувањето го изврши Одделението за јавно осветлување при Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“. Од претпријатието апелираат до граѓаните да не го оштетуваат како што тоа се случуваше во повеќе наврати досега.


© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544