Општина Струмица со финансиска поддршка на проектот „Да, и девојките играат фудбал“
Градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица се големи поддржувачи на спортот. Во изминатите десет години, континуирана финансиска поддршка добиваа спортски клубови, здруженија, поединци, а се финансираше и изградбата на нови спортски терени и одржување на постоечките. Посебна и редовна поддршка добиваа најмладите заради нивното правилно насочување и градење спортски дух.