Вести - Февруари 2016

Во првата недела од февруари пожарникарите имале седум интервенции

Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица во првата недела од месец февруари имала вкупно седум интервенции. Како и во претходниот период, најголем дел од интервенциите се гасење на запалени оџаци на индивидуални семејни куќи и колективни станбени згради, а останатите се гаснење на запален отпаден материјал и друг вид интервенции од надлежност на противпожарната единица.Поради зачестените интервенции во гаснење на запалени оџаци, од противпожарната единица апелираат до граѓаните дека се уште може да се исчистат оџаците доколку тоа не е направено во пролетните и есенските месеци, но тоа да не го прават сами, туку, да побараат стручна помош од единицата.

Во јануари решени 115 проблеми преку „Систем 48“

И во оваа 2016-та година продолжува довербата на граѓаните во општинскиот сервис „Систем 48“. Во јануари биле доставени вкупно 126 пријави од кои решени се 115 пријави, а останатите 11 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ во месец јануари се од областа на уличното осветлување 81, од областа на собирање смет 7 и исто толку од водовод и канализација, а останатите се од други области.Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните на општина Струмица за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може во определениот рок да се интервенира по доставените пријави, а истовремено им се заблагодаруваат за користењето на услугите на овој општински сервис.

Градоначалникот Заев: Општина Струмица останува голем пријател и поддржувач на спортот

Под покровителство на градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица, синоќа, се одржа изборот на најдобрите спортски екипи и спортисти на Струмица за 2015 година. Оваа традиционална спортска манифестација се одржа во соработка со спортските новинари и спортските работници од Струмица, а во техничка организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица. На изборот присуствуваше градоначалникот Зоран Заев, претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членови на истиот, поголем број спортисти, спортски работници и почитувачи на спортот. За најдобар спортист беше прогласен Ристе Пандев најдобриот атлетичар на Македонија и учесник на европското и светското првенство во атлетика. За најдобра млада спортска екипа беше прогласена екипата на одбојкарскиот клуб „Струмица“, најдобар спортист во млади категории е Јани Атанасов од фудбалскиот клуб „Академија Пандев“ и во оваа категорија за најдобар тренер беше прогласен Зоран јанков од одбојкарскиот клуб „Македонија Макс“. Во сениорска конкуренција, за најдобар тренер беше прогласен Кире Ричлиев од одбојкарскиот клуб „Струмица“, најуспешна спортска екипа е одбојкарскиот клуб „Струмица“.

Градоначалникот Заев им оддаде почит на загинатите жители во трите опожарувања на Куклиш

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска, присуствуваше на панихидита која што се одржа во Куклиш, а по повод 185 години од првото опожарување, 112 години од второто и 104 години од третото опожарување на ова населено место.

СОУ „Димитар Влахов“ воспостави соработка со земјоделското училиште „Футог“ од Србија

 Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ воспостави соработка со земјоделското училиште „Футог“ од истоименото место во близина на Нови Сад, Србија.

За четири дена заменети 79 сијалици на уличното осветлување во градот и населените места

Вработените во одделението за јавно осветлување при Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“ продолжуваат со редовното одржување на уличното осветлување во градот и населените места. Работно беше и во текот на вчерашниот ден кога се заменија вкупно 18 сијалици од кои 12 на улиците 

Вечерва ќе се избираат најдобрите во спортот за 2015 година под покровителство на градоначалникот Заев

Вечерва со почеток во 20 часот во големата сала на домот на АРМ ќе се одржи традиционалната манифестација „Избор на најдобрите спортски екипи и спортисти на Струмица за 2015 година“. Манифестацијата се организира под покровителство на градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица, во соработка со спортските новинари и спортските работници од Струмица, а во техничка организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица.

Општина Струмица ја одбележа 144-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Со пригодна програма општина Струмица денеска ја одбележа 144-годишнината од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев. Пред неговиот споменик на истоимениот плоштад, цвеќе положија преставници на општина Струмица,  општинскиот сојуз на борците, политичките партии, јавните институции, основните и средните општински училишта. Пред почитувачите на Гоце Делчев, за неговиот живот и дело зборуваше Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.Љубовта и почитта кон татковината и нејзината историја повторно не собраа на едно место, а кога татковината и нашата историјата се во прашање, тогаш за нив е невозможно да се зборува без да се истакне името на најголемиот меѓу големите, гордоста на сите генерации Македонци, Гоце Делчев.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544