Вести - Февруари 2016

Граѓанските организации се обучуваат за вршење мониторинг на акциски планови на општина Струмица

Во организација на Центарот на заедницата, а во соработка со општина Струмица, денеска и утре, се спроведува обука за претставници на граѓанските организации на тема „Мониторинг на акциските планови за четирите области од локалните стратегии на општина Струмица“.

Поради изведба на водоводни зафати прекинато е водоснабдувањето на улицата „Климент Охридски“

Поради изведба на водоводни зафати и денеска до 14 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето на улицата „Климент Охридски“, односно, на потегот од улицата „Ленинова“ до улицата „Гоце Делчев“. Прекин во водоснабдувањето во истиот термин, ќе има и на улицата „Киро Абрашев“ на потегот од улицата „Елка Јанкова“ до улицата „Димитар Цветинов“, а поради отстранување на дефект во водоводната мрежа.

„Станете експерт“ проектна активност во ООУ „Маршал Тито“ од Муртино

Секцијата за природни науки при основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Муртино аплицираше за реализација на програмски активности во согласност со критериумите од објавениот повик и по одобрувањето ја организира активноста „Станете експерт“. Ученици во мешан етнички состав, организирани во шест групи, реализираа едночасовна програма, а на која присуствуваа претставници од општинската администрација, родители и членови на Советот на општина Струмица.

Продолжува реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Климент Охридски“

Во рамките на реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Климент Охридски“ денеска се изведуваат водоводни активности на потегот од улицата „Ленинова“ до улицата „Гоце Делчев“. Поради овој градежен зафат прекинато е водоснабдувањето на потрошувачитe. Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ информираа дека прекинот ќе трае до 14 часот.Реконструкцијата на овој дел од водоводната мрежа во должина од 1.100 метри почна во декември минатата година, а чини 13,5 милиони денари обезбедени од буџетот на општина Струмица.

Се интензивираат работните активности за карневалот 2016

Организациониот одбор на струмичкиот карневал ги интензивира работните активности со единствена цел и оваа година да понуди незаборавно карневалско доживување. Синоќа во домот на АРМ се одржа работен состанок со  претставниците на карневалските групи.

„Паркиралишта Струмица“ ќе отпочне со уредување на паркингот позади Јавното обвинителство.

Со комплетирањето на административната процедура и добивањето согласност од страна на Советот на општина Струмица, а претходно и од СВР Струмица за промена на режимот на сообраќај за парцелата 1728/1 која се наоѓа позади зградата на ул. „Ленинова“ бр. 14, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ќе отпочне со организирање на парцелата во паркинг површина согласно законските прописи и регулативи.

Изградбата на фекалната канализација во Добрејци се одвива според планираната динамика

Градежните работи на системот за фекална канализација во населеното место Добрејци се во полн ек. Ќе бидат изведени вкупно 10.760 метри канализациона мрежа со што ќе се покрие целото населено место. За овој, но и за останатите два система во населените места Дабиле и Просениково, општина Струмица обезбеди 1.136.000,00 евра од Европската инвестициска банка.Реализацијата на овој проект значи уште една потврда за силните заложби на градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица за подобар живот на сите граѓани во локалната заедница.

Се асфалтираа три улици во населеното место Куклиш

Со подобрувањето на временските услови општина Струмица ги интензивира градежните активности на терен. По стартот на изградбата на канализациониот систем во Добрејци, се работи и во населеното место Куклиш. Таму, вчера и денеска се асфалтираа три улици. Овој градежен зафат е реализиран со средства од буџетот на општина Струмица.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544