Вести - Ноември 2010

СРЕДБА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УРБАНИТЕ И МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ ОД ОПШТИНА СТРУМИЦА НА ТЕМА „ЛЕГАЛИЗАЦИЈА И ДОБРОВОЛНО ПРЕДАВАЊЕ НА ОРУЖЈЕТО ОД ГРАЃАНИТЕ КОИ ГО ПОСЕДУВААТ БЕЗ ДОЗВОЛА-ИСПРАВА“

Во организација на Општина Струмица, Одделението за превенција при МВР-Струмица, а во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, на 29.11.2010 година, во просториите на Домот на АРМ-Струмица за претседателите на урбаните и месните заедници од општина Струмица, се одржа предавање за легализацијата на оружјето и за доброволното предавање на нелегалното оружје, согласно одредбите од законот за оружјето.

Реновирани просториите на Здужението на глуви и наглуви лица во Струмица

Германската амбасада во Македонија доби позлатена плакета од Сојузот на Здруженијата на глуви и наглуви лица за донацијата од 240.000 илјади денари.Во присуство на градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев, заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Валтер Лојкс, претседателот на Советот на Општина Струмица Марјан Даскаловски , претседателот на Сојузот на глуви и наглуви лица на Македонија Никола Огненов, беше пуштен во употреба реновираниот нов простор на Здужението на глуви и наглуви лица во Струмица.

ЗАВРШИЈА ПЛАНИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ ОД ПРОЕКТОТ „УНАПРЕДУВАЊЕ НА МЕЃУЕТНИЧКИОТ ДИЈАЛОГ ВО ОПШТИНИТЕ“

Воннаставните активности „Мојата карневалска маска“ и „Етнокатче од народни носии и стари предмети“, беа последните реализирани активности на учениците од двете проектни основни училишта „Маршал Тито“-Муртино и „Маршал Тито“-Струмица, вклучени во проектот „Унапредување на меѓуетничкиот дијалог во општините“.

Марш низ улиците на Струмица - “Да ја разбудиме хуманоста“

 

Вашето малку за мене е многу, Вашите дела за мене значат живот, Вашата хуманост и Бог ќе ме вратат дома во Струмица – Од срце за срце“. Со оваа порака испишана на бели маици, над илјада младинци во сабота (20.11.2010) маршираа по улиците на Струмица во знак на поддршка на својот сограѓанин, другар и пријател, Игор Петрески.Овој прв марш на хуманоста е во чест на Игор Петрески, а по иницијатива на неговите другари, со поддршка на Младинскиот совет на општина Струмица и Општинската организација на Црвениот крст од Струмица, да му дадат морална сила на Игор да ја преброди неколкумесечната

Ден на дрвото

На 19.11.2010 година, во рамките на Акцијата "Ден на дрвото - Садиме заедно за нас", на површина од околу шест хектари на локацијата викана „Грапавица“ во близина на селото Раборци - Општина Струмица, беа посадени околу дваесет илјади садници багрем.

УСАИД ќе го реновира најстарото училиште

УСАИД (Програма за основно образование) преку Проектот за основно образование (ПЕП) ќе вложи 1.500.000 денари за да ги замени сите прозорци во најстарото училиште во Струмица ООУ “Маршал Тито“ со нови ПВЦ прозорци и надворешни врати, со кои ќе се обезбедат подобри услови за настава во оваа училиште.

Јавен повик до сите инвеститори

Градоначалникот Зоран Заев испрати јавен повик до сите инвеститори за лицитација на парцели за изградба на колективни згради за домување во касарната. На продажба се околу 200 илјади квадратни метри или вкупно 12 парцели. Првата лицитација е на 23.11.2010, а другата е на 26.11.2010. Почетната цена за лицитирање е 2300 денари од метар квадратен.

 

Вработените од локалната самоуправа даруваа крв

 

Локалната самоуправа на Општина Струмица по четврти пат учествуваше во крводарителска акција организирана од Црвен крст. Оваа акција од оваа година се организира двапати годишно и во неа активно земаат учество сите вработени во локалната самоуправа.Целта на оваа учество беше да се покаже позитивен пример и пред се хуманост према граганите на кој им е потребна оваа скапоцена течност

Страница 1 од 3

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544