Вести - Октомври 2010

Форум на занаетчииската комора на Македонија

Занаетчииската комора на Р.Македонија и занаетчииската комора на Коблец од Сојузна Република Германија под покровителство на Министерството за Економија на Р.Македонија, а во соработка на Занаетчииската комора Струмица, Општина Струмица и Прокредит Банка организираа форум на тема

„Пристап до извори за финансирање на занаетчиите и претприемачите“

Продолжува концептот за формирање на советодавни групи на граѓани

Со концептот на ОБСЕ-мисијата во Скопје и заедничката соработка на преставниците од Одделението за превенција при СВР Струмица и преставниците од локалната самоуправа, продолжи формирањето на СГГ(советодавна група на граѓани) и во населеното место Вељуса. На 14 октомври 2010 година во просториите на МЗ-Вељуса беше формирана СГГ на која беа разгледани прашањата од општа безбедност и проблемите на кој наидуваат граѓаните. На присутните и беше поделен информативен материјал за граѓанските советодавни групи, со објаснување дека тие групи ги охрабруваат членовите на заедницата и полицијата да соработуваат со цел да изнајдат решенија за локалните проблеми.

30-та седница на Советот на Општина Струмица

Четврток, 14 Октомври 2010

Советот на општина Струмица донесе Одлука за вклучување на Општина Струмица во повеќе партнерски проекти од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Македонија во рамките на Инструментот за Претпристапна помош, Компонента 2.

“Прекуграничната соработка во рамките на ИПА има цел да ги промовира добрососедските односи, поттикнување на стабилноста, безбедноста и просперитетот, што е во заеднички интерес на двете земји, Македонија и Грција и да се поттикне нивниот хармоничен, урамнотежен и одржлив развој“ – истакна Зоран Ѓоргиев, раководител на Одделението за локален економски развој.

Одржана работилница на тема „ Претставување на индикаторите за мерење на дискриминацијата на локално ниво“

На ден 14.10.2010 во Дом на АРМ се одржа работилница, организирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на тема „Преставување на индикаторите за мерење на дискриминацијата на локално ниво“. На работилницата зедоа учество преставници од општините: Струмица, Василево и Босилово, невладини организации, основни и средни училишта, народниот правобранител и други. Предавач на работилницата беше г-дин Кочо Андоновски од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

ИНФОРМАЦИЈА ПО ПРОЕКТОТ „ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ И ОТПОРНОСТА НА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ВО СЛУЧАЈ НА ПРИРОДНИ НЕСРЕЌИ И КАТАСТРОФИ“

Денес, во рамките на проектот ,,Зајакнување на капацитетите и отпорноста на локалните власти во случај на природни несреќи и катастрофи“, кој се спроведува од Општинската организација на Црвениот крст Струмица, а во партнерство со Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и ТППЕ-Струмица, а со финансиска поддршка на Општина Струмица и Програмата за развој на Обединетите Нации, со вработените во ООУ „Даме Груев“ Куклиш, се одржа работилницата на тема „Подготовка на воспитно-образовните институции за дејство при природни несреќи и катастрофи“..

Чистење на канaлот

Започна  чистењето на коритото од поројот на ул.Крушевска Република до ул.Климент Охридски се до коритото на река Тракајна, во должина од 1700 метри.

Бесплатни обуки за почнување на бизнис за жени

ПСМ Фондацијата во партнерство со Општина Струмица од 07.10.2010 во Домот на АРМ одржува бесплатни Обуки за почнување на бизнис.Во текот на месец октомври 20-25 жени од Општина Струмица ќе се обучат самостојно да водат бизнис.

Партиципативна анализа на локалната акција за рурален развој според концептот ЛИДЕР

На ден 06.10.2010 во Дoмот на АРМ се одржа Работилница на тема Партиципативна анализа на локалната акција за рурален развој според концептот ЛИДЕР “ во реализација на Фондација за развој на мали и средни претпријатија-Скопје.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544