Вести - Октомври 2010

Јавни собири - 2010

Се известуваат граѓаните на општина Струмица дека во периодот од 23 октомври до 14 ноември 2010 година, на иницијатива на градоначалникот Зоран Заев, согласно законските и стаутарните овластувања, ќе отпочнат јавните собири на граѓаните во урбаните, односно месните заедници.
Планот за одржување на јавните собири - денот, часот и местото е објавен во просториите на урбаните, односно месните заедници, на општинската огласна табла, како и на официјалниот општински веб сајт.
Планот за одржување на јавните собири може да го превземете овде.

Зајакнување на капацитетите и отпорноста на локалните власти во случај на природни несреќи и катастрофи.

Во продолжението на проектот „Зајакнување на капацитетите и отпорноста на локалните власти во случај на природни несреќи и катастрофи“ кој го спроведува Општинската организација на Црвениот крст Струмица, во партнерство со Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, ТППЕ-Струмица, финансиран од Општина Струмица и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), во детската градинка кај Градскиот парк во Струмица, од страна на едуцирани пожарникари за пренесување на вештини на деца од најрана возраст на теми за заштита од природни несреќи и катастрофи, беше спроведена практична едукација на децата од градинката.

Страница 3 од 3

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544