На заедничка средба на граѓани од трета и осма урбана заедница при Општина Струмица, на 26 октомври 2010 година се одржа состанок на советодавна група на граѓани, на тема која е актуелна во овој период на либерализација на пасошкиот и визниот режим кон земјите на ЕУ.На средбата беа присутни преставници од Одделението за превенција при МВР-Струмица, од администарцијата на локалната самоуправа на Општина Струмица и советниците од Советот на Општина Струмица.
Од страна на одделението за превенција при СВР-Струмица, на присутните им се обрати инспекторот за превенција, кој се осврна на улогите и значењето на советодавните групи на граѓани и укажаа на законските одредби за азилот, за државјанството и појавата на организирано заминување и барање азил на нашите граѓани во земјите од ЕУ. Организираното заминување и барање азил во земјите во ЕУ, како што беше кажано, во последно време произведува негативни влијанија врз граѓаните, кој често се измамени за одреден износ на финансиски средстава и вратени во матичната земја од земјите на ЕУ.

