Изградба на летен амфитеатар

Изградбата на Амфитеатарот – Летна сцена во Градскиот парк во Струмица е во напредна фаза. За таа цел претставниците од Швајцарската Агенција за развој кои го финансираат проектот како дел од Програмата Форуми во заедниците и Фондација Институт Отворено Општество Македонија, имплементатор на програмата на 20.10.2010 ја посетија локацијата и се сретнаа со изведувачот и надзорот на проектот, како и со претставници од општината. Заклучоците од средбата се дека Проектот се изведува во согласност со планираната динамика на активности и истиот ќе може да биде свечено предаден во употреба на 11.12.2010 година, по повод денот на заштитниците на градот Струмица ,Св. 15 Тивериополски Свештеномаченици.

 


 

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544