На ден 21.10.2010 во 11.00 часот во просториите на Домот на АРМ во организација на Општина Струмица, во присуство на стопанствениците, преставници на општинската администрација, еколошки здруженија и заинтересирани граѓани од општина Струмица се одржа јавна расправа за нацрт извештајот за стратегиска оцена на Животната средина за Детален Урбанистички План (ДУП) за дел од блок три-А урбана единица1-Струмица. Излагањето го одржа изготвувачот на извештајот:
дипл.инж.еколог. Пеце Мирчевски од фирмата Еволвинг-Скопје.