Проектот „Унапредување на меѓуетничкиот дијалог во општините“ навлезе во вториот циклус на активности

Во организација на двете проектни основни училишта „Маршал Тито“-Муртино и „Маршал Тито“-Струмица, на 15 октомври 2010 година, се одржа планираната активност од вториот циклус на проектот „Унапредување на меѓуетничкиот дијалог во општините“.Идејата дека храната е иста, а вкусовите различни, го отвори патот за планираната активност „Јадењата во нашата кујна“, каде учениците од двете училишта, во мешан етнички состав ги презентираа традиционалните јадења по рецептите на нивните мајки и баби.Со оваа воннаставна активност, учениците ги осознаваат вештините на кулинарството, ја зголемија меѓусебната комуникација и покажаа дека освен учењето за знаење и оценка, учат и за вештините во животот.

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4 /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0cm 5.4pt 0cm 5.4pt; mso-para-margin:0cm; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:10.0pt; font-family:"Times New Roman"; mso-ansi-language:#0400; mso-fareast-language:#0400; mso-bidi-language:#0400;}

Проектот „Унапредување на меѓуетничкиот дијалог во општините“ се реализира во рамки на програмата CIVICA Mobilitas, спроведувана од Центарот за институционален развој (ЦИР-а) и финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка застапувана од Канцеларијата за соработка во Скопје, во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование-Скопје (МЦГО) и општина Струмица.

Досега од проектот се реализирани неколку активности, меѓу кои се изработката на портфолио за нашиот град, музички колаж „Ние Вашето, Вие Нашето“, посетата на историските локалитети, дебатата за еколошките проблеми, спортски игри, ликовни и литературни конкурси.

 



 

 

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544