Со концептот на ОБСЕ-мисијата во Скопје и заедничката соработка на преставниците од Одделението за превенција при СВР Струмица и преставниците од локалната самоуправа, продолжи формирањето на СГГ(советодавна група на граѓани) и во населеното место Вељуса. На 14 октомври 2010 година во просториите на МЗ-Вељуса беше формирана СГГ на која беа разгледани прашањата од општа безбедност и проблемите на кој наидуваат граѓаните. На присутните и беше поделен информативен материјал за граѓанските советодавни групи, со објаснување дека тие групи ги охрабруваат членовите на заедницата и полицијата да соработуваат со цел да изнајдат решенија за локалните проблеми.
По отворената дискусија, граѓаните од оваа населено место укажаа на неколкуте основни проблеми за безбедноста на регионалниот пат кој поминува низ други две населени места, за полските штети кој им се нанесуваат од непознати сторители од други населени места, шумските кражби, како и за други проблеми со кој секој дневно се соочуваат.
При формирањето на СГГ, беше донесена одлука за спроведување на неколку заклучоци, за кој после извесно време од 4-6 недели, ќе се бара одговор за тоа, дали е започната реализацијата и дали се решени насочените проблеми.

