30-та седница на Советот на Општина Струмица

Четврток, 14 Октомври 2010

Советот на општина Струмица донесе Одлука за вклучување на Општина Струмица во повеќе партнерски проекти од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Македонија во рамките на Инструментот за Претпристапна помош, Компонента 2.

“Прекуграничната соработка во рамките на ИПА има цел да ги промовира добрососедските односи, поттикнување на стабилноста, безбедноста и просперитетот, што е во заеднички интерес на двете земји, Македонија и Грција и да се поттикне нивниот хармоничен, урамнотежен и одржлив развој“ – истакна Зоран Ѓоргиев, раководител на Одделението за локален економски развој.

 

Советниците му го отстапија користењето и управувањето со водоводниот систем во населеното место Баница, сопственост на Општина Струмица, на ЈПКД “Комуналец“ Струмица, без надоместок, а едногласно усвоија и Правилник за јавност во работата на општина Струмица, со кој се регулира протокот на информации во рамките на општината, протокот на информации од општината кон јавноста како и правата и обврските на органите на општината и општинската администрација во остварување на јавност во работата.На денешната 30-та седница Советот на општина Струмица ја разреши Татјана Малинова од член на Управниот одбор на ЈП “Паркиралишта Струмица“, поради именувањето на судија во Основниот суд во Струмица, а Ристо Бонев го именува за нов член на Управниот одбор во оваа Јавно претпријатие на местото на претходно разрешениот Јосиф Христов, додека за член во Надзорниот одбор ја именува Елисавета Тренчева Ташурева на местото на разрешениот Борче Хаџиев.





 

 

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544