На ден 14.10.2010 во Дом на АРМ се одржа работилница, организирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на тема „Преставување на индикаторите за мерење на дискриминацијата на локално ниво“. На работилницата зедоа учество преставници од општините: Струмица, Василево и Босилово, невладини организации, основни и средни училишта, народниот правобранител и други. Предавач на работилницата беше г-дин Кочо Андоновски од Хелсиншкиот комитет за човекови права.