Вести - Октомври 2010

Средба на советодавна група на граѓани од урбани заедници на тема „Појава на организирано заминување и барање азил на граѓани на РМ во земјите на ЕУ“

На заедничка средба на граѓани од трета и осма урбана заедница при Општина Струмица, на 26 октомври 2010 година се одржа состанок на советодавна група на граѓани, на тема која е актуелна во овој период на либерализација на пасошкиот и визниот режим кон земјите на ЕУ.На средбата беа присутни преставници од Одделението за превенција при МВР-Струмица, од администарцијата на локалната самоуправа на Општина Струмица и советниците од Советот на Општина Струмица.

ТАКТИЧКО ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ОД ЗЕМЈОТРЕС И ПОЖАРИ НА УЧИЛИШНИ ОБЈЕКТИ

Во рамките на проектот „Зајaкнување на капацитетите и отпорноста на Локалните власти во случај на природни несреќи и катастрофи“, на 25.10.2010 година, во организација на Општинската организација на Црвен крст-Струмица заедно со Регионалниот Центар за управување со кризи и Територијалната против пожарна единица-Струмица, во Средното општинско училиште „Јане Сандански“ и Основното општинско училиште „Сандо Масев“-Струмица, се изведе тактичко показна вежба за заштита и спасување од земјотрес и пожари на училишни објекти.

Одржана работилница на тема „Подготвување на дневен е-билтен за Општините од Источен и Југоисточен плански регион“

На ден 22.10.2010 во 09.30 часот во просториите на домот на АРМ беше одржана работилница на тема „Подготвување на дневен е-билтен за Општините“ во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и ГТЗ РЕД.

Изградба на летен амфитеатар

Изградбата на Амфитеатарот – Летна сцена во Градскиот парк во Струмица е во напредна фаза. За таа цел претставниците од Швајцарската Агенција за развој кои го финансираат проектот како дел од Програмата Форуми во заедниците и Фондација Институт Отворено Општество Македонија, имплементатор на програмата на 20.10.2010 ја посетија локацијата и се сретнаа со изведувачот и надзорот на проектот, како и со претставници од општината.

Одржана јавна расправа за нацрт извештајот за стратегиска оцена на Животната средина за ДУП за дел од блок 3-А урбана единица1-Струмица

 

На ден 21.10.2010 во 11.00 часот во просториите на Домот на АРМ во организација на Општина Струмица, во присуство на стопанствениците, преставници на општинската администрација, еколошки здруженија и заинтересирани граѓани од општина Струмица се одржа јавна расправа за нацрт извештајот за стратегиска оцена на Животната средина за Детален Урбанистички План (ДУП) за дел од блок три-А урбана единица1-Струмица. Излагањето го одржа изготвувачот на извештајот:

Во Струмица формиран Младински парламент

Синоќа за прв пат во општина Струмица започна да функционира Младинскиот парламент, чија примарна цел и задача ќе биде да ги застапува правата, интересите и заедничките вредности на младите луѓе на ниво на Општина Струмица, независно од нивната етничка, верска или национална припадност.На синоќешната прва конститутивна седница што се одржа во Домот на АРМ во Струмица, 59-те млади пратеници ги поздрави градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, кој ја истакна важноста и улогата на младите во идниот развој на општина Струмица, токму преку дебатите и идните одлуки кои ќе произлезат од овој Младински парламент.

Проектот „Унапредување на меѓуетничкиот дијалог во општините“ навлезе во вториот циклус на активности

Во организација на двете проектни основни училишта „Маршал Тито“-Муртино и „Маршал Тито“-Струмица, на 15 октомври 2010 година, се одржа планираната активност од вториот циклус на проектот „Унапредување на меѓуетничкиот дијалог во општините“.Идејата дека храната е иста, а вкусовите различни, го отвори патот за планираната активност „Јадењата во нашата кујна“, каде учениците од двете училишта, во мешан етнички состав ги презентираа традиционалните јадења по рецептите на нивните мајки и баби.Со оваа воннаставна активност, учениците ги осознаваат вештините на кулинарството, ја зголемија меѓусебната комуникација и покажаа дека освен учењето за знаење и оценка, учат и за вештините во животот.

Хрватски директори на средни училишта во посета на Општина Струмица

Делегација на Здружението на директори на средните училишта од Хрватска денеска беа во посета на Средните општински училишта “Јане Сандански“ , “Димитар Влахов“ и “Никола Карев“ во Струмица, со цел да се разменат искуства од начинот на спроведување на образовниот процес.“Ова е возвратна посета на колегите од Хрватска. Минатата година делегација од нашето Здружение беше во посета на неколку средни училишта и ученички домови во Хрватска, која ни беше од големо значење. Имавме прилика да видиме какви се искуствата таму, имајќи во предвид дека станува збор за поголема земја, земја која што е поблиску со нејзината апликација за членство во ЕУ, како и приближувањето на нивниот образовен систем кон европскиот“ – изјави Вања Изова Велева, директор на СОУ “Јане Сандански“ Струмица.Според Велева, образовните системи на двете пријателски земји се многу слични. Особено сличности се забележуваат во правната, економската и трговската струка.

Страница 1 од 3

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544