Две успешно спроведени акции на ЈПКД „Комуналец“


Вчера, дежурни екипи од Работната единица „Чистота“ при ЈПКД „Комуналец“, ја спроведоа најавената акција за собирање отпад од гранки и треви на територијата на градот. Според изјавата на раководителот на оваа работна единица – Бранко Ѓоргиев, акцијата била успешно спроведена, при што се подигнати 52 метри кубни отпад од 94 локации, а по 72 пријави од граѓани.

 Покрај оваа акција, извршена е и поправка и дезинфекција на контејнери во централното градско подрачје.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544