Одржан инфо ден за финансиска поддршка на НВО секторот во општина Струмица

 Денес во Домот на АРМ, Општина Струмица преку Одделението за локален економски развој, а со поддршка на Центарот на заедницата, го реализираше најавениот инфо ден за доделување финансиска поддршка за програми и проекти на здруженија и фондации, предвидена во Програмата и Буџетот за 2016 година.

  Целта на овој инфо ден беше, Општина Струмица на транспарентен начин да им ја долови Методологијата за доделување грантови на потенцијалните корисници, усвоена од Советот на општина Струмица, при што на претставниците од НВО – секторот им беа објаснети правилата и критериумите за доделување на предвидените средства од финансиската поддршка за програми и проекти.Деновиве од страна на градоначалникот, преку Оделението за Локален економски развој, на веб страницата на Општина Струмица и преку медиумите, ќе бидат објавени јавните повици за распределба на средствата од општинскиот Буџет за 2016 година, кои се однесуваат на програмите G1 Трансфер до НВО и V2 Социјална заштита Трансфер до НВО .



© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544