ЈАВЕН ПОВИК ЗА ТРЕНЕРИ


ЈАВЕН ПОВИК

за дотација за тренери во спортските клубови

Со овој Јавен Повик за предвидува финансиска поддршка за 10 (десет) тренери во спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Струмица. Финансиската поддршка трае до крајот на тековната 2016-та година, односно 10 месеци.


Финансиската подршка е обезбедена во рамките на Буџетот на општина Струмица за 2016 година, во програмата за спорт (L0).

Право на учество имаат спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица кои настапуваат во организиран систем на натпреварување (првенство), и тоа:

- Фудбал: Прва, втора, трета лига и младински категории*

- Кошарка: Прва, Втора лига и младински категории*

- Одбојка: Прва лига и младински категории*

- Ракомет: Прва, втора лига и младински категории*

- Останати спортови: Прва лига, втора лига, младински категории*


* Кои настапуваат во организиран систем на натпреварување (првенство)


ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

За спортските здруженија и други правни лица:

1. Клубот да е формиран на територијата на Општина Струмица (клубот доставува тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија)

2. Потврда од соодветната федерација или сојуз за докажување на рангот на натпреварување. (1ва, 2-ра лига, младинска лига и тн)


За тренерите во спортските здруженија и други правни лица:


1. Тренерот кој аплицира да е невработен

(потврда од АВРМ дека не е во работен однос)

2. Фотокопија од лична карта

3. Потврда за завршено образование

4. CV и Мотивациско писмо


Рок и начин на доставување на пријавите

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 07.03.2016 година (Понеделник) до 16 часот. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:

Општина Струмица

Ул.„Сандо Масев“ Бр.1

2400,Струмица

или во архива на Општина Струмица


На пликот треба да стои „НЕ ОТВАРАЈ“ со назнака за LО (СПОРТ - ТРЕНЕР)

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.



ОПШТИНА СТРУМИЦA

ГРАДОНАЧАЛНИК

ЗОРАН ЗАЕВ


___________________________

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544