ЈАВЕН ПОВИК
До спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица. Јавниот повик е во рамките на програмата за спорт (L0) за респределба на средства од Буџетот на Општина Струмица за 2016 година.
Право на учество
- Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот.
- Субјектите мора да се формирани и делуваат на територијата на Општина Струмица.
- Kлубовите /спортски здруженија за кои од Советот на општина Струмица е одредена Дотација по Програмата за активностите во областа на спортот и млади во 2016 година немаат право да аплицираат на овој Јавен Повик.
Основни критериуми кои треба да ги исполнуват здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:
- го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
- ја реализираат утврдената програма за развој на спортот.
- ги усогласуваат и координираат програмските активности на здруженијата;
- го организираат и спроведуваат системот на натпревари
- се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри
- се грижат за унапредување на младите категории
- да не вршат политичко и верско организирање и дејствување.
Потребна документација која спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот треба да ја достават:
- Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
- Годишна програма за работа за тековната 2016 година;
- Извештај за потрошените средства добиени од Општина Струмица за минатата 2015 година;
- Формулар за аплицирање (ПРИЈАВА) кој може да се подигне од општина Струмица или од ВЕБ страната на општината www.strumica.gov.mk.
- Прилози, фотографии, награди и др.
Рок и начин на доставување на пријавите
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 07.03.2016 година (Понеделник) до 16 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:
Општина Струмица
Ул.„Сандо Масев“ Бр.1
2400,Струмица
или во архива на Општина Струмица
На пликот треба да стои „НЕ ОТВАРАЈ“ со назнака за LО (Спорт)
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.Апликантите кои ќе дадат лажни податоци во формуларот за аплицирање (пријавата) и останатите документи ќе бидат одбиени без право да аплицираат во наредните 2 години. Формулар за попoлнување
ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
ЗОРАН ЗАЕВ