Oдбојкарките од ООУ „Видое Подгорец“ обезбедија пласман за државното првенство

Женската одбојкарска екипа на основното општинско училиште „Видое Подгорец“ го освои првото место на регионалниот турнир во одбојка кој што се одржа во Штип. 

 Со овој резултат, одбојкарките под менторство на наставничката Елена Василева, обезбедија пласман за државното првенство кое што ќе се одржи од 10 до 12 март во Валандово, а на кое ќе учествуваат шест екипи од државата.



© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544