Се одржа обука за дефектолози и логопеди со финансиска поддршка на општина Струмица

 Во рамките на својата научно-стручна агенда и принципите за што поголема професионализација и стручност на дефектолозите и логопедите, како и стручните служби во инклузивната образовна средина, Сојузот на дефектолози на Република Македонија, повторно во Струмица - најинклузивната и најсензитивната општина во државата организираше бука на тема: „Пристапи и поддршка на децата со тешкотии во учењето предизвикани од дислексија, дисграфија и дискалкулија“. 

 Обуката финансиски беше поддржана од градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица, преку основните и средните училишта и детската градинка.Ставот на Сојузот на дефектолози на Република Македонија по оваа прашање е дека секое дете до нас, околу нас, кое има било какви тешкотии во учењето, можеби има дислексија, затоа ние како најповикани, мораме да ги пронајдеме, да им помогнеме, да ги охрабриме, а наставниците и заедницата да ги научиме како треба со нив, рече Спасе Додевски, претседател на Сојузот на дефектолози на Република Македонија. На обуката присуствуваа триесетина стручни лица од образовниот процес во општина Струмица, а обучувачи беа докажани практичари и професори од Универзитетот во Нови Сад, Република Србија.



© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544