Вести - Февруари 2016

Две успешно спроведени акции на ЈПКД „Комуналец“


Вчера, дежурни екипи од Работната единица „Чистота“ при ЈПКД „Комуналец“, ја спроведоа најавената акција за собирање отпад од гранки и треви на територијата на градот. Според изјавата на раководителот на оваа работна единица – Бранко Ѓоргиев, акцијата била успешно спроведена, при што се подигнати 52 метри кубни отпад од 94 локации, а по 72 пријави од граѓани.

Одржан инфо ден за финансиска поддршка на НВО секторот во општина Струмица

 Денес во Домот на АРМ, Општина Струмица преку Одделението за локален економски развој, а со поддршка на Центарот на заедницата, го реализираше најавениот инфо ден за доделување финансиска поддршка за програми и проекти на здруженија и фондации, предвидена во Програмата и Буџетот за 2016 година.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ТРЕНЕРИ


ЈАВЕН ПОВИК

за дотација за тренери во спортските клубови

Со овој Јавен Повик за предвидува финансиска поддршка за 10 (десет) тренери во спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Струмица. Финансиската поддршка трае до крајот на тековната 2016-та година, односно 10 месеци.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СПОРТ

ЈАВЕН ПОВИК

До спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица. Јавниот повик е во рамките на програмата за спорт (L0) за респределба на средства од Буџетот на Општина Струмица за 2016 година.

Oдбојкарките од ООУ „Видое Подгорец“ обезбедија пласман за државното првенство

Женската одбојкарска екипа на основното општинско училиште „Видое Подгорец“ го освои првото место на регионалниот турнир во одбојка кој што се одржа во Штип. 

Општина Струмица во проект за зајакнување на мирот и безбедноста

Македонско женско лоби подржано од Амбасадата на Обединетото Кралство во Македонија спроведува проект „Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба” во кој учествува и општина Струмица.

Во понеделник ќе се одржи инфо ден за доделување финансиска поддршка на НВО секторот во општина Струмица

Општина Струмица ја започнува процедурата за распределба на финансиски средства по проекти и програми на здруженија на граѓани и фондации на територијата на општина Струмица за 2016 година. 

„Комуналец“ ги раззеленува јавните површини во градот

Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во континуитет ја потврдуваат својата грижа за јавните површини во градот. Деновиве, нов лик доби улицата „Браќа Миладинови“ кај пазарот „Чешел“, односно, делот пред градинката кој многу често беше узурпиран од уличните продавачи.

Страница 1 од 6

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544