На денешната седница на Советот се донесоа повеќе предлог - одлуки и решенија
Советот на општина Струмица денеска ја одржа 35-седница. На истата, советниците ги усвоија предлог – планот за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во општина Струмица во учебната 2016/2017 година, предлог – одлуката за долгорочно задолжување на Општината, предлог – одлуката за отстапување на моторно возило (трактор) на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, извештајот за работата на Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица за 2015 година.