Вести - Јануари 2016

Градоначалникот Заев новогодишната ноќ ја помина со штитениците во Заводот во Банско

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, по единаесетти пат новогодишната ноќ ја помина со штитениците во Заводот за заштита и рахабилитација во Банско. Во прекрасен новогодишен амбиент, скромно и весело поминаа првите часови од Новата 2016 година потврдувајќи го искреното пријателство кое трае повеќе од една деценија. Градоначалникот Заев од срце на своите пријатели – штитениците им ја честита Новата година и им посака многу здравје и среќа. Тие му возвратија на честитките посакувајќи му исто така многу здравје и среќа и посакаа уште многу нови години да поминуваат заедно.


Страница 5 од 5

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544