Вести - Јануари 2016

Реализирана обука за формативно оценување кај учениците со потешкотии во учењето

Наставниците од одделенска настава во основното општинско училиште „Видое Подгорец“ од Струмица, користејќи ги деновите од зимскиот одмор за учениците, во работна атмосфера ги реализираа содржините и активностите од модулот за инклузивното образование за ранливи групи, кој се однесува на формативното оценување кај учениците со потешкотии во учењето.Темите за обуката опфатија повеќе цели, меѓу кои учесниците да ја увидат потребата од приспособување на поучувањето,

Деца од Струмица, Моноспитово, Муртино и Градашорци ја посетија противпожарната единица

Група деца од Моноспитово, Муртино, Градашорци и Струмица организирана од Евангелската црква ја посетија Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица. Децата на лице место имаа можност да се запознаат со работата на единицата, опремата која ја поседува и нејзината подготвеност за превентивно делување при пожари, земјотреси и други елементарни непогоди.Со оваа посета, Територијалната професионална противпожарна единица потврдува дека е отворена за соработка со училиштата и за презентации во рамките на предметите кои што ги изучуваат учениците.

Квартален извештај за работата на овластениот инспектор за патен сообраќај на општина Струмица за период од 01.10.2015 до 31.12.2015година

Во текот на извештајниот период Овластениот инспектор за патен сообраќај

изврши 45 контроли, и тоа на моторни возила и правни лица со кој се врши јавен превоз на патници во патниот сообраќај кој поседуваат лиценца за работа и при тоа констатирав дека:

„Комуналец“ ги собираше остатоците од коледарските огнови

За вработените во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и денешниот ден беше работен. Тие на повеќе локации во градот ги собираа остатоците од традиционалните коледарски огнови кои синоќа ги запалија граѓаните на Струмица и покрај нив беа до раните утрински часови.Од „Комуналец“, на сите граѓани од православна вероисповед им ги честитаат божиќните празници и најавуваат дека како и во минатата година, така и оваа, редовно ќе се грижат за хигиената на јавните површини во градот, но апелираат и до граѓаните да го дадат својот влог за чиста и поубава Струмица.


Божикна честитка од градоначалникот Зоран Заев

Почитувани сограѓани возљубени во Христа,
Кога ќе се огласат црковните камбани за да ни дадат до знаење дека е време за големо празнување, да ја дочекаме веста за Рождеството Христово со радост и кренати чела. Исус Христос се родил еднаш, но тој многупати се раѓа во нашите срца и души, за да живее за вечни времиња. Токму затоа, време е да ги прочистиме тие наши срца и души, за да знае Богочовекот дека во секој христијанин се крие по една Витлеемска пештера осветлена со сјајна ѕвезда. Така славеле нашите баби и дедовци, така треба да славиме и ние за така да слават и нашите поколенија.
Божик е убава можност, со насмеани лица да си подадеме рака и да докажеме дека сме од ист сој и дека ни е заедничка големината во празнувањето. Христовото раѓање нека донесе живот, здравје, љубов, мир, спокој, хармонија и благосостојба во секое Ваше семејство и силна верба во посветло и поубаво утре. Нека Божјата милост биде сојузник на општина Струмица и Република Македонија.
Благословени и вековити нека Ви се Божикните празници.

Христос се роди.

Градоначалникот Заев: Да помагаме колку што може повеќе така и нашиот живот ќе биде подобар

„Да помагаме колку што може повеќе заради тоа што и нашиот живот ќе биде подобар“, ова е пораката која ја упати градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, од синоќешниот новогодишно – божиќен хуманитарен концерт кој што се одржа во домот на АРМ во Струмица. Со купените влезници и дополнителните парични средства кои што ги донираше, тој го поддржа лекувањето на Мартина Манушева, а со тоа уште еднаш, како безброј пати досега,  на дело ја потврди својата хуманост.

„Комуналец“ фрли 7,5 тони сол по улиците низ градот

Екипи на јавното претпријатие за комунални дејности од вчера се на терен и интервенираат таму каде што има потреба за да се овозможи нормално одвивање на сообраќајот по улиците во градот.

Градоначалникот Заев го посети првороденото бебе во струмичката болница

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска го посети првото бебе родено во струмичката болница во Новата 2016 година. Девојчето тешко 2,5 килограми е прва рожба на Кети Миладинова од Струмица. Честитајќи им ја Новата година, градоначалникот Заев на бебето и на мајката им посака многу здравје и среќа, а на новороденчето му подари штедна книшка со 20 илјади денари.Да посакаме новата рожба да донесе бериќет, среќа, успех исполнување на плановите, секако на детенцето, на неговото семејство, но и на сите граѓани на нашата општина Струмица, рече градоначалникот Заев.


© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544