Вести - Јануари 2016

Заврши тампонирањето на полските патишта и улиците во населените места

Денеска во населеното место Рич беа тампонирани две улици. Со тоа заврши планираното тампонирање на полски патишта и улици во населените места кое се реализираше на барање на граѓаните на општина Струмица. Со оваа активност беа опфатени вкупно 18 населени места во кои тампонираните улици и патишта им го подобрија животот на жителите во нив.

Продолжува реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Климент Охридски“

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ интензивно работи на реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Климент Охридски“. Со овој зафат се врши замена на азбестните цевки со дуктилно железни цевки со профил ФИ 200 со што се обезбедува поголема сигурност во водоснабдувањето, а се решаваат и некои хидраулички проблеми затоа што со замената на овие цевки се затвора еден водоводен прстен од водоводната мрежа кој што е од витално значење за водоснабдувањето во овој дел од градот.Реконструкцијата на овој дел од водоводната мрежа во должина од 1.100 метри, чини 13,5 милиони денари обезбедени од буџетот на општина Струмица. Со овој зафат кој почна да се реализира во декември минатата година, ќе се решат проблемите во патната инфраструктура, водоснабдувањето и штетите на околните куќи, а кои беа предизвикани од честите дефекти кои што се случуваа во текот на минатата година.


Парталов:Зошто надлежните државни органи не ја почитуваат законската регулатива при исплатата на штетите од поплавите?

Денеска се врши исплата на дел од надоместокот за штети од поплавите кои зафатија дел од општина Струмица на 23, 24 и 30 јануари 2015 година.На денешната прес конференција, секретарот на Општината Кирил Парталов, рече дека надоместокот се однесува само за штетите на движни и недвижни ствари, односно, за штетите на објектите за домување и покуќнината.

Претставници на Струмица и Софија разменија искуства од областа на паркирањето

Претставници на Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ престојуваа во дводневна посета на Центарот за градска мобилност на Софија, Република Бугарија. Посетата се реализираше на покана на директорот на Центарот,

Во декември решени 151 проблем преку „Систем 48“

Вкупно 173 пријави од граѓаните биле доставени до општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец декември минатата година. Од нив решени се 151 пријава, а останатите 22 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 100, од областа на собирање смет 10, водовод и канализација 18, а останатите се од други области.Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните на општина Струмица за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може во определениот рок да се интервенира по доставените пријави, а истовремено им се заблагодаруваат за користењето на услугите на овој општински сервис.

Се тампонираат улици во населеното место Попчево

Општина Струмица и оваа година продолжува со активностите за подобрување на условите за живот во населените места. Денеска се тампонираа две улици во населеното место Попчево, а утре тампонирањето ќе продолжи во населеното место Рич. Кон крајот на минатата година се тампонираа полски патишта и улици во неколку населени места.


Поради реконструкција ќе биде прекинато водоснабдувањето на дел од улиците „Климент Охридски“ и „Иљо Шопов“

Поради реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Климент Охридски“ во периодот од 9 до 14 часот вода ќе немаат корисниците на улицата „Иљо Шопов“ од куќен број 45 до 104 и на улицата „Климент Охридски“ од куќен број 40 до 52.

За спомен обележјето на загинатите во хеликоптерската несреќа доставени се три идејни решенија

По распишаниот конкурс за изработка на идеен проект за подигање спомен обележје на загинатите членови на екипажот од хеликоптерската единица на МВР доставени се три идејни решенија.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544