Вести - Октомври 2011

Амбасадорот на Италија во посета на општина Струмица.

Одржана третата сесија од „Форуми во заедницата“

Решение за свикување на четириесет и петтата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Третата Форумска сесија во рамките на Програмата “Форуми во заедницата“ ќе се одржи во четврток на 27-ми октомври од 17:00 часот во Домот на АРМ во Струмица. Во сесијата учествуваат претставници од различните интересни групи од општината – обични граѓани, корисници на буџетски фондови, претставници на локални здруженија на граѓани, претставници на локалната самоуправа, како и членови на Советот на општина Струмица.

Интензивирана соработката меѓу Струмица и Осијек

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев е во работна посета на Осијек, Република Хрватска. Тој денеска се сретна со градоначалникот на градот Осијек, Крешимир Бубало. Двајцата градоначалници ги утврдија активностите во наредниот период за продлабочување на соработката.

 

Работна средба на тема: „Полицијата и учениците се дружат“

Заради надминување на појавите на несоодветно и насилно однесување  на поедници, или групни ученици од основните и средните училишта во Република Македонија, по претходно договарање на Министерството за образование и наука и Министерството за внатрешни работи, ќе започне реализацијата на проектот „Полицијата и учениците се дружат“ преку кој ќе бидат опфатени сите основни и средни училишта  од општина Струмица.

Гасификацијата во Струмица во завршна фаза

Струмица интензивно се подготвува за гасификацијата. Се поставуваат последните стотина метри од примарната гасоводната мрежа, која според предвидениот проект од првата фаза, е во должина од 12.150 метри.
До крајот на месецот се очекува во Струмица да пристигне комплетната опрема за компресирање, декомпресирање и транспорт на природниот гас од Петрич, Република Бугарија, до гасните централи во Струмица, од познатата светска фирма “Галилео“ од Аргентина, лидер во оваа областа, која го доби тендерот за набавка на оваа опрема.

Квартален извештај за работа на овластениот инспектор за патен сообраќај на општина Струмица за период од 01.07.2011 до 30.09.2011 година

Во текот на извештајниот период Овластениот инспектор за патен сообраќај
изврши 43 контроли, и тоа на моторни возила и правни лица со кој се врши јавен превоз на патници во патниот сообраќај кој поседуваат лиценца за работа и при тоа констатирав дека:

Страница 1 од 3

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544