Вести - Јули 2011

Започна Европското првенство во кошарка за кадети

Синоќа на 27.07.2011 година во 21.00 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ официјално беше прогласено за отворено Европското првенство во кошарка за кадети во Б дивизија. Честа свечено да го отвори првенството  ја имаше градоначалникот Зоран Заев кој воедно и истакна:

Реновирање на средното училиште Јане Сандански и основните училиште Никола Вапцаров и Кирил и Методиј - Дабиле

Имплементацијата на проектот Изградба и реновирање на 3 училишни згради во општина Струмица се одвива според предвидената динамика. Во овој период во училишните згради на Јане Сандански и Никола Вапцаров интензивно се работи на замена на старите и оштетени дрвени прозорци со нови коморни пластифицирани прозорци.
Во тек е и изработката на новата термоизолациона фасада на училишната зграда на ОУ Никола Вапцаров, а овие денови во целост ќе биде заменета и кровната конструкција на оваа училишна зграда.

Неделен извештај на ТППЕ

Во периодот од 18.07.2011 до 24.07.2011 Територијалната професионална противпожарна единица - Струмица имаше вкупно 35 интервенции. Техничките интервенции (пожарите) во кој учествувала противпожарната едница се случиле во атарот на селата Костурино, Дражево, Мокрино, Просениково, Ангелци, Водоча, Габрово, Куклиш, Банско, Сушево, Колешино, Ново Коњарево, Баница, Сачево, Свидовица, Секирник, Водоча и Владевци.

Струмица подготвена за Европското првенство во кошарка

Струмица од 28 јули до 7 август е домаќин на Европското Првенство во кошарка од Дивизија “Б“ мажи до 16 години. На најголемото првенство во младинските категории во историјата на ФИБА Европа, ќе учествуват 22 екипи со над 420 играчи, педесеттина претставници на ФИБА Европа и ќе се одиграат 89 натпревари. Се е подготвено за стартот на оваа досега најголемо првенство од ваков тип организирано во Македонија.

Гасификацијата во Струмица се одвива според предвидениот тек

Околу седум илјади од вкупно проектираните тринаесет илјади метри примарна гасоводна мрежа во општина Струмица се завршени. Изградбата на првата фаза од овој капитален проект, ја изведува фирмата „Конти хидропласт“ од Гевгелија, за што со локалниот буџет се планирани 76 милиони денари.

Неделен извештај на ТППЕ

Измината недела во Струмичкиот регион  се случиле 23 пожари во кој интервенирала против пожарната единица на Струмица. Пожарите се случиле во атарот на селата Вељуса, Водоча, Градско Балдовци, Ново Село, Костурино, Банско, Сушица, Сачево, помеѓу селата Добрејци и Пиперево, во индустриската зона “Север“, над ИГМ “Еленица“, но и во градот Струмица на улиците “Климент Охридски“, “Ристо Ќурчиев“ и “Маршал Тито“, каде пожарникарите учествувале во гаснење на запален отпаден материјал.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Општина Струмица ја информира јавноста дека на ден 22.07.2011 година (петок), со почеток во 05.00 часот до 06.30 часот ќе се спроведе авионско третирање против комарци на територијата на градот. Границата на третирање започнува на северо запад од гробиштата во правец на Софилар до село Добрејци (Северна индустриска зона), продолжува североисточно од село Добрејци (Северна индустриска зона) во правец на бетонска база Бетон до почетокот на индустриската зона во село Дабиље. Од индустриската зона во село Дабиље југоисточно во правец на река Тркања до раскрсницата на село Куклиш, и југозападно од раскрсницата на село Куклиш кон Св. Петнаесет, Ловен Дом и се до гробиштата. Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошницита со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирање врз безбедноста на пчелните семејства. Во случај на врнежи, третирањето ќе биде одложено  за наредниот ден.

Реализирани планираните активности во рамките на Локалниот совет за превенција

Советот на министри за внатрешни работи и за правда на земјите членки на ЕУ во декември 2009 година донесоа одлука со која граѓаните на Република Македонија се ослободија од вадење визи за краткорочен престој.

Страница 1 од 3

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544