Димитар Бајрактаров ученик во трета година во средното општинско училиште „Јане Сандански“ ја освои третата награда на Европскиот Математички Куп (EMC) кој што се одржа во декември минатата година, а резултатите беа соопштени вчера.
Бајрактаров се натпреваруваше во конкуренција со најдобрите математичари од девет европски држави Албанија, Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Грција, Литванија, Македонија, и Словенија. Натпреварувачите беа поделени во две дивизии, јуниорска и сениорска. Под менторство на професорот Елизабета Витанова, Димитар Бајрактаров се натпреваруваше во сениорската дивизија во која имаше силна конкуренција од 81 ученик.