Пожарникарите денеска даруваа крв и како многу пати досега ја потврдија својата хуманост

Освен со својата работа во која најчесто спасуваат човечки животи и материјални добра, вработените во Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица имаат и друга хумана страна, а тоа е крводарителството.

  Веќе подолго време, пожарникарите се меѓу најчестите крводарители во заводот за трансфузиона медицина во Струмица. И денеска беше спроведена крводарителска акција за која меѓу пожарникарите имаше голем интерес и како многу пати досега ја подадоа својата рака за да спасат нечиј човечки живот.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544