Градоначалникот Заев со силна поддршка за младите автори и нивните дела

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, присуствуваше на промоцијата на стихозбирката „Кутија со солзи“ на Тања Кармзова – Костиглиола која што се одржа во хотелот „Есперанто“ во Струмица.

Со финансиската поддршка која што за излегувањето на оваа стихозбирка ја дадоа градоначалникот Заев и општина Струмица, уште еднаш потврдија дека се силни поддржувачи на младите автори и нивните дела. Во знак на благодарност, првиот примерок од стихозбирката, Костиглиола му го врачи на градоначалникот Заев. Издавач на стихозбирката е библиотеката „Благој Јанков – Мучето“. Тања Кармзова е родена во струмичкото село Дабиле, а живее и работи во Париз, Франција, а „Кутија со солзи“ е втора нејзина стихозбирка.



© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544