Вести - Јануари 2016

Градоначалникот Заев со поддршка на локалните политики за вработување

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска присуствуваше на конференцијата „Локалните Економско Социјални Совети (ЛЕСС) – двигатели на локалните политики за вработување“ која што се одржа во Скопје.

Ставен е нов покрив на опожарениот дом на културата во Вељуса

Заврши поставувањето на новиот покрив на опожарениот дом на културата во населеното место Вељуса. За овој зафат од буџетот на општина Струмица беа издвоени 336.000 денари.

Се уредува канцеларијата на месната заедница во Просениково

Општина Струмица и во оваа 2016 година ќе реализира повеќе активности во населените места, а со единствена цел да го подигне на повисоко ниво животот на граѓаните во нив. Во населеното место Просениково, почна уредувањето на просторот во кои е сместена месната заедница.

Димитар Бајрактаров од СОУ „Јане Сандански“ ја освои третата награда на Европскиот Математички Куп

Димитар Бајрактаров ученик во трета година во средното општинско училиште „Јане Сандански“ ја освои третата награда на Европскиот Математички Куп (EMC) кој што се одржа во декември минатата година, а резултатите беа соопштени вчера.

Пожарникарите денеска даруваа крв и како многу пати досега ја потврдија својата хуманост

Освен со својата работа во која најчесто спасуваат човечки животи и материјални добра, вработените во Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица имаат и друга хумана страна, а тоа е крводарителството.

СОУ „Димитар Влахов“ ќе реализира проект со средства од европските фондови

По позитивните искуства на општина Струмица во искористувањето на средствата од европските фондови и реализирањето на проектите од Програмата за прекугранична соработка, средното општинско училиште „Димитар Влахов“ аплицираше со проектот „Штедиме енергија – градиме иднина“ за средства од ИПА програмата за прекугранична соработка.

За една недела противпожарната единица имала 16 интервенции

Територијалната професионална противпожарна едница на Струмица во последната недела имала вкупно 16 интервенции. Најголем дел од нив, или, 10 се гаснење на запален оџак кај индивидуални семејни куќи и колективни станбени згради. Останатите интервенции се гаснење на запален отпаден материјал, гаснење на опожарен прозорец на поранешното кино „Балкан“ и превентивна интервенција на потенцијално опожарување на парен котел и огревно дрво. 

Градоначалникот Заев со силна поддршка за младите автори и нивните дела

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, присуствуваше на промоцијата на стихозбирката „Кутија со солзи“ на Тања Кармзова – Костиглиола која што се одржа во хотелот „Есперанто“ во Струмица.

Страница 1 од 5

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544