Вести - Февруари 2011

Оглас број 2/2011 за издавање на рекламен простор под закуп

Врз основа на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за обезбедување финасиски средства за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Струмица

Повторен - Оглас за Јавно наддавање бр.01/2011

Врз основа на член 67 од Законот за локална самоуправа (Сл весник на РМ бр.5/02 и член 101 од Статутот на општина струмица (Сл.Гласник на општина бр.05/06-пречистен текст ),Градоначалникот на општина Струмица објавува: 

Формирана советодавна група на граѓани во село Дабиље

Во организација на Одделението за превенција при МВР-Струмица, во соработка со општина Струмица, на 24 февруари 2011 година во село Дабиље се формира советодавна група на граѓани. За темите и целта на состанокот, како и запознавање со одредбите од законот за оружје, присутните беа запознаени од инспекторите од Одделението за превенција при МВР-Струмица.

Поставени трите часовници на Саат кулата во Струмица

Со поставувањето на часовниците на саат кулата се комплетира изгледот на Струмичкиот плоштад. Саат кулата има форма на рамностран триаголник, и е висока околу 18 метри. Трите часовници со димензии од два метри, кои беа поставени, се со ГПС навигација што е гаранција дека секогаш ќе покажуваат точно време.

Решение за свикување на триесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр.2/06), донесувам

Општина Струмица најтранспарентна општина во Република Македонија

По едногодишно истражување и следење за транспарентноста и отчетноста на единиците на локалната самоуправа во Македонија направена е ранглиста на сите  општини според неколку критериуми за транспарентност, според кои во конкуренција со 84 единици на локалната самоуправа, општина Струмица е рангирана на прво место, со освоени вкупно 23 од можни 25 бодови.

Претставници од општина Струмица на завршен форум од Проектот „УНАПРЕДУВАЊЕ НА МЕЃУЕТНИЧКИОТ ДИЈАЛОГ ВО ОПШТИНИТЕ“

Завршниот форум по проектот „Унапредување на меѓуетничкиот дијалог во општините“ ќе се одржи од 20-23 февруари во Охрид. Проектот за меѓуетничкиот дијалог се спроведува од ЦИР-а, во рамките на програмата Civica Мobilitas, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка застапувана од Канцеларијата во Скопје и склучениот меморандум за соработка на Македонскиот центар за граѓанско образование и градоначалникот на Општина Струмица.

Оглас за Јавно наддавање бр.01/2011

Врз основа на член 67 од Законот за локална самоуправа (Сл весник на РМ бр.5/02 и член 101 од Статутот на општина Струмица (Сл.Гласник на општина Струмица бр.05/06-пречистен текст ),Градоначалникот на општина Струмица објавува:

 

Оглас за Јавно наддавање бр.01/2011 за издавање под закуп на подземен простор-подземно паркиралиште на Плоштад Гоце Делчев во Струмица

Страница 1 од 2

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544