Вести - Декември 2012

Стотина социјално загрозени семејства добија помош од градоначалникот Заев

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и денеска како многу пати досега ја потврди својата хуманост на дело. Околу стотина пакети со најосновни прехранбени производи попладнево беа поделени на социјално загрозените семејства во населеното место Банско, Струмица.

Новогодишно обраќање на градоначалникот Зоран Заев

Градоначалникот Заев меѓу децата со аутизам

Градоначалникот Зоран Заев денеска се дружеше со децата со аутизам на новогодишната прослава во паралелките за образование на ученици со посебни потреби   при ООУ „Сандо Масев“. Сите 14 дечиња добија пакетче од Дедо Мраз, а градоначалникот им посака многу здравје, среќа и успех во Новата 2013 година.

Среќна и Успешна 2013


Градоначалникот Заев со социјално загрозените и децата со посебни потреби

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев денеска се дружеше со децата без родители и децата од социјално загрозените семејства во општината. Во просториите на домот на АРМ дечињата ги пречека Дедо Мраз и им подари новогодишни пакетчиња.

Буџетот на општина Струмица за 2013 година ќе тежи 18 милиони евра

Советот на општина Струмица на денешната седница го усвои буџетот на општината за 2013 година. Тој ќе тежи 1.102.873.915 денари или околу 18 милиони евра. Најголем дел или 51 насто се сопствени изворни средства, а останатите се блок дотации, самофинансирачки активности и донации. Во однос на буџетот за 2012 година, буџетот за следната година е намален за 0,98 насто.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Општина Струмица, дека Почнувајки од 03.01.2013 година ,Општина Струмица ке започне со реализација на многу важен и нужен проект согласно „Закон за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти“ („Службен весник на Република Македонија“ бр.66/2004; 55/2007; 145/2010 и 136/2011) со  поставување на табли и броеви на објектите и инфраструктурата во градот и сите населени места.

Решение за свикување на шеесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Страница 1 од 5

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544