Вести - Ноември 2012

Учениците од „Видое Подгорец“ се запознаа со работата на градоначалникот и општината

Градоначалникот Зоран Заев денеска во својот кабинет ги прими учениците од трето одделение при ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица. По совладувањето на материјалот за општина и градоначалник во рамките на редовната настава, учениците денеска имаа можност практично да се запознаат со работата на локалната самоуправа и нејзините служби.

Претставници на општина Струмица на меѓународна конференција за образование и одржлив развој

Во рамките на проектот образование за одржлив развој, финансиран од Европската Унија, а во организација на Enjoined иницијативата и Мрежата на центрите за образовни политики (NEPC) на 28 и 29 ноември  во Загреб, Хрватска се одржа меѓународна конференција на тема за поврзаноста на граѓанските права и обврски и прашањата за заштитата на околината и образованието.

Струмица и Бијело Поље од Црна Гора потпишаа Протокол за соработка

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев  и градоначалникот на општина Бијело Поље од Црна Гора Александар Журиќ, денеска потпишаа Протокол за соработка меѓу двете општини. Протоколот беше потпишан на официјалната средба што се одржа во кабинетот на градоначалникот Заев, а на која освен градоначалниците на двете општини присуствуваа и Душан Мрдовиќ амбасадор на Црна Гора во Република Македонија, Мирољуб Орландиќ претседател на здружението на Црногорци во Македонија, Медо Балиќ потпретседател на истото здружение и претставници на општините Бијело Поље и Струмица.

Бизнис заедницата важен фактор во справувањето со семејното насилство

Бизнис заедницата како важен партнер во постигнувањето на ефикасен одговор кон семејното насилство на локално ниво, на оваа тема денеска се одржа работна средба во Домот на АРМ во Струмица.

Новиот кружен тек разубавен со две илјади темјанушки

Заврши изградбата на новиот кружен тек на крстосницата на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Младинска“ кај Анска река во Струмица. Со ова ново сообраќајно решение значително ќе се намали сообраќајниот метеж кој беше честа слика на оваа, една од најфреквентните и најкритичните крстосници во градот.

Делегација на општина Бијело Поље од Црна Гора во посета на Струмица

Денеска во попладневните часови во официјална посета на општина Струмица ќе пристигне делегација на општина Бијело Поље од Црна Гора, предводена од градоначалникот Александар Журиќ. Официјалната средба меѓу делегациите на Струмица и Бијело Поље ќе се одржи утре во кабинетот на градоначалникот Зоран Заев каде ќе биде потпишан Протокол за соработка меѓу двете општини.

Спомен обележјето на жртвите во пожарот ќе биде поставено во паркот до Тинекс

Спомен обележјето на жртвите од пожарот на 23 јули оваа година ќе биде поставено на булеварот „Маршал Тито“ во паркот до Тинекс, ваква одлука денеска беше донесена на шеесет и третата седница на Советот на општина Струмица. Спомен обележјето е дело на рускиот скулптор Григориј Потоцки, а ја претставува  храброста во штитењето на градот од пламените јазици на  Блажо Стојков, Пено Стојанов, Мите Трајков и Војо Гркљанов.

Струмица меѓу четири општини во Македонија за јакнење на мултиетничката соработка

Од 23-25 ноември 2012 година, во Охрид се одржа работна средба на тимовите за училишна интеграција од по две основни училишта и претставници од четирите пилот општини: Струмица, Тетово, Битола и Бутел. Од општина Струмица во проектот се вклучени тимовите од двете општински основни училишта„Маршал Тито“Струмица и „Маршал Тито“Муртино и советниците од одделението за образование од општина Струмица.

Страница 1 од 6

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544