Вести - Јуни 2012

Заврши проценката на штетите од мајското невреме во Габрово и Градско Балдовци

Општинската комисија за проценка на штети од природна непогода ја заврши проценката на штетите што ги предизвика невремето со пороен дожд и град на 24 мај оваа година во населените места Габрово и Градско Балдовци.

Се асфалтираше дел од булеварот ,,Гоце Делчев,, кај ,,Жито Струмица,,

Подолго време граѓаните се жалеа на проблемите што ги имаа кај крстосницата на улицата ,,Климент Охридски,, и булеварот ,,Гоце Делчев,, кај ,,Жито Струмица,,. Денеска се асфалтираше овој дел со што проблемите се веќе надминати.

Тече втората фаза од реконструкцијата на кванташкиот пазар

Јавното претпријатие за комунални дејности ,,Комуналец,, ја спроведува втората фаза од реконструкцијата на кванташкиот пазар во Струмица и тоа во делот кој досега многу малку се користеше од продавачите на зеленчук и овошје.

Известување за изработка на нацрт извештај за стратегиска оцена за локална урбанистичка планска документација за КП 1483/3 м.в. Белик КО Градско Балдовци – општина Струмица

Изготвувач на Нацрт извештајот  за Стратегиска оцена на животната средина за Локална урбанистичка планска документација вон населено место за дел од КП 1483/3- Општина Струмица.

Професори од СОУ ,,Јане Сандански,, кај градоначалникот Зоран Заев

Градоначалникот Зоран Заев,  во својот кабинет оствари средба со дел од професорите-ментори на наградени ученици од СОУ ,,Јане Сандански,,. Професорите го информираа градоначалникот за освоените високи места на државните натпревари од сите области  во кои учествуваа учениците од гимназиската и економската струка  во учебната 2011-2012 година.

Градоначалникот Зоран Заев на ,,Форуми во заедниците,, во Скопје

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев денеска учествуваше на вториот круг од третата фаза на програмата ,,Форуми во заедницата,, што се одржа во Скопје. Тој ги пренесе позитивните искуства што општината ги има од оваа програма финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Интервју со директорот на ЈПКД „Комуналец„ - Зоран Горгиев

Се зголемува бројот на пријавите во ,,Систем 48,,

Во текот на месец јуни, до општинскиот сервис за пријавување комунални проблеми ,,Систем 48,, доставени се вкупно 73 пријави. Најголем дел од пријавите се од областа на уличното осветлување и проблеми со улиците, тротоарите и патиштата.

Страница 1 од 4

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544