Вести - Мај 2012

Спортски региoнални игри за пензионери во Струмица

Во организација на Здружението на пензионери на општина Струмица оваа година се одржуваат седумнаесетите спортски регионални игри за пензионери. На овој регионален натпревар на спортски игри учествуваат пензионери - спортисти од шест општини (Свети Николе, Лозово, Штип, Радовиш, Ново Село и Струмица).

Меѓународен филмски и видео фестивал на Југоисточна Европа "АСТЕР ФЕСТ "

Меѓународниот фестивал на краток филм “Астерфест”, кој трае од 25.05 до 29.05.2012 година понуди силна и интересна конкуренција на филмови од сите страни на светот. Во конкуренција на филмови, жанровски и тематски разнородни, жирито имаше неблагодарна работа да се определи за изедначени по квалитет филмски дела.

Одбележан Денот на пожарникарите во Струмица

Денот на пожарникарите на Република Македонија во Струмица беше одбележан на симболичен начин во кругот на Територијалната Противпожарната Единица во Струмица.

Јавна дебата - Родово одговорно буџетирање

18.05.2012 година, Во Струмица се одржа Јавна дебата по однос на предлог Стратегијата за родово одговорно буџетирање, во организација на општина Струмица, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Матурска парада 2012

Мaтурантите од трите средни училишта од општина Струмица денес точно напладне на плоштадот „Гоце Делчев“ го изведоа познатиот Квадрил. Матурската парада е меѓународна манифестација која е покрената во 2001 година во Словенија. Идеен творец на манифестацијата е Томаж Амброж од Танцовата школа „Уршка“ од Љубљана.

Министерот за образование во посета на општина Струмица

Денес 17.05.2012 година, градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев оствари средба со министерот за образование на Република Македонија, Панче Кралев.

Младински претставници од Грција во посета на општина Струмица

Од денес до Недела, претставници на Младинскиот клуб на Унеско од Солун ќе посетат повеќе економски субјекти, културно – историски проекти, а ќе остварат средби и со младински и други граѓански организации.

Холандскиот Амбасадор во посета на општина Струмица

На ден 15.05.2012 година Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев оствари средба со Амбасадорот на Кралството Холандија, Нејзината екселенција Марриет Шурман како и претставникот од Амбасадата г-дин Јане Кјука, одговорен службеник за економски и трговски прашања.

Страница 1 од 3

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544