Вести - Април 2012

Потврдена безбедноста на гасоводната мрежа во Струмица

После седум дневно испитување од страна на инспекциското тело за опрема под притисок при ЦИРКО Скопје на чело со проф. д-р Стојанчо Стојмановски е утврдено дека целокупната гасоводна мрежа со вкупна должина од 12500 метри е во беспрекорна состојба согласно нормите и квалитетите што се бараат.

Одбојкарскиот Клуб „Струмица“ го освои купот на Македонија

Вчера (29.04.2012) одбојкарите на ОК „Струмица„ со победата над ОК „Шкендија„ од Тетово го освоија Одбојкарскиот Куп на Македонија. Струмичани беа супериорни и победија со 3 - 0

Зоран Заев ги повикува надлежните државни институции

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев  јавно ги повикува надлежните државни институции да реагираат во делот на безредието кое го создаваат дивите продавачи и да ги заштитат фирмите (кои уредно си плаќаат даноци) од нелојалната конкуренција.

Оглас за општински линиски превоз за општина Струмица

O Г Л А С

За одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови во општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица за 2012:

Оглас за заеднички организиран линиски превоз за општините: Струмица, Босилово, Василево и Новосело

O Г Л А С

За одобрување на возни редови за нови линии при Заедничко организираниот линиски  превоз на патници за општините: Струмица, Босилово, Василево и Ново Село за следните линии за 2012 година:

Формирана прекугранична мрежа на општински експерти од Македонија и Бугарија

Уверен сум дека оваа мрежа на експерти ќе придонесе за продлабочување на соработката помеѓу општините од прекуграничниот регион, истакна градоначалникот на Струмица, Зоран Заев на Завршната конференција на проектот за создавање на прекугранична мрежа помеѓу општинските експерти за програми и проекти.

Решение за свикување на педесет и петтата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Заев: Во Струмица се отвораат нови работни места за младите

Како општина сме свесни за невработеноста помеѓу младите, затоа и во иднина ќе продолжиме напорно да работиме на решавање на овој проблем, истакна градоначалникот на Струмица на јавната дебата од циклусот „Република Млади“.

Страница 1 од 4

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544