Вести - Јуни 2013

Градоначалникот Заев им го честиташе второлигашкиот статус на фудбалерите на „Тиверија“

Градоначалникот на општина  Струмица, Зоран Заев, денеска во својот кабинет ги прими фудбалерите на ФК „Тиверија“ кои обезбедија второлигашки статус. Тој му го честиташе успехот на тимот кој  ја обезбеди титулата  во третата фудбалска лига исток, а преку бараж натпревар успеа да  се пласира во Втората лига.

Канцеларијата за европски проекти со обуки за проектен менаџер

Во рамките на имплементацијата на проектот „Развој на алтернативни форми на туризам“ финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка  меѓу Република Македонија и Република Грција, денеска во Струмица  почна  обуката за проектен менаџмент. Во обуката учествуваат 38 луѓе од разни профили кои се пријавија по јавниот повик што го објави Канцеларијата за европски проекти која работи при општина Струмица.

Струмица со регионален сертификат за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа

Струмица е меѓу првите осум општини во Југоисточна Европа кои добија регионален сертификат за поволно деловно опкружување. Сертификатот, на претставниците на општината, Тони Милушев раководител на одделението за локален економски развој  и Софче Иванова координатор на проектот, им беше врачен на вториот регионален конгрес за поволно деловно опкружување што се одржа во Загреб, Хрватска.

Струмица доби уште едно прекрасно катче- реконструиран малиот градски парк

Малиот градски парк во Струмица доби комплетно нов лик, кој одлично се вклопува во спецификите на централното урбано јадро со автентичната архитектура на општинската зграда и дел од околните објекти.

Градоначалникот Заев оствари средба со амбасаодорот на Унгарија

Градоначалникот на општина Струмица денеска одржа средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, д-р Јожев Бенце.  На средбата беа отворени првите можности за соработка и збратимување помеѓу  Струмица и општини од Унгарија и продлабочување на економската соработка, посебно во извозот на земјоделските производи со кои изобилува струмичкиот регион.

ОБЈАВА 2

Врз основа на член 113 , член 134 став 2 , член 135 и член 136  од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр:53/2005 , 81/2005 , 24/2007, 159/08 , 83/2009 , 48/2010 , 124/2010 , 51/2011 , 123/12) , Градоначалникот на општина Струмица , издаде Дозвола  за усогласување со оперативен план

ОБЈАВА 1

Врз основа на член 113 , член 134 став 2 , член 135 и член 136  од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр:53/2005 , 81/2005 , 24/2007, 159/08 , 83/2009 , 48/2010 , 124/2010 , 51/2011, 123/2012) , Градоначалникот на општина Струмица , издаде Дозвола  за усогласување со оперативен план  

Квалитетна вода за пиење добија жителите и хотелските комплекси во Банско

Жителите на населеното место Банско и хотелските комплекси од денеска имаат чиста и квалитетна вода за пиење. Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев го означи почетокот на функционирањето на новата бетонска таложница со монтираната хидромеханичка опрема на реката Воденичница и нејзино поврзување со постоечкиот цевовод спрема филтрите.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544