Вести - Јуни 2013

Советот на општина Струмица го одржа продолжението на третата седница

Советот на општина Струмица денеска го одржа продолжението на третата седница која беше прекината на 21 мај. На продолжението, членовите на Советот го усвоија кварталниот извештај за извршување на буџетот на општината во првиот квартал од 2013 година и предлог буџетскиот календар за подготовка и донесување на буџетот за 2014 година.

Општина Струмица доби сертификат за поволно деловно опкружување

Општина Струмица го доби сертификатот за поволно деловно опкружување, што значи успешно ги помина сите фази од проектот за сертифицирање на општините. Струмица беше еден од четирите пилот градови во Македонија кој се вклучи во проектот „BFC – Бизнис пријателска сертификација – Меѓународен печат за квалитет за Бизнис пријателски заедници“.

Информација за одржување на обуки за проектен менаџмент

Во рамките на реализацијата на проектот “Развој на алтернативни форми на туризам” финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција,  Општина Струмица, Канцеларија за европски проекти објавува:

Известување

Почитувани,  
Согласно член 88 став 2 од Деловникот на Советот на општина Струмица, Ве известувам дека:
-Продолжението  на третата седница на Советот на општина Струмица, прекината на 21.05. 2013 година, го определувам за 04.06.2013 година (вторник).
Продолжението на третата  седница на Советот на општина Струмица,  ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица,  со почеток во 13,00 часот.


Средба на филмските творци со претставници од општина Струмица

По повод одржувањето на деветтиот фестивал на краткометражен филм „Астерфест“, а во чест на филмските творци од повеќе странски земји, претставници од општина Струмица остварија средба на која на присутните гости им се обрати секретарот на општина Струмица,  Кирил Парталов. Во своето обраќање, секретарот Парталов од името на градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и Советот на општина Струмица им заблагодари на авторите на краткометражниот филм за нивното присуство во градот под Царевите кули и им посака што поголем успех во остварувањето на нивните филмски идеи од областа на краткометражниот  филм.

Одбележана 69-годишнината од мајската офанзива кај „Варници“

Со полагање свежо цвеќе на Спомен костурницата кај месноста „Варници“ која се наоѓа во близина на населеното место Раборци, беше одбележана 69 годишнината од Мајската офанзива, значаен датум од Втората светска војна.

Страница 4 од 4

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544