Вести - Јуни 2013

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија" бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11), Општина Струмица, на ден  10. 06 .2013 година, донесе

Струмица со сертификат за поволно деловно опкружување

Општина Струмица со уште еден сертификат. На националната конференција што  се одржа во Скопје, а ја организираше Сојузот на стопански комори во партнерство со Заедницата на  единиците на локалната самоуправа доби сертификат за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа. Од името на општината, сертификатот го прими Кирил Парталов, секретар на општина Струмица.

Градоначалникот Заев се закити со медали од струмичките кошаркари

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев,  денеска приреди прием за кошаркарите на младинската и кадетската екипа на кошаркарскиот клуб „Струмица“. Во опуштена и пријатна атмосфера, тие разговараа за најновите резултати на младите кошаркари, младинската екипа освои сребрени медали во првенствените и куп натпреварите, а кадетите освоија бронзен медал на шампионатот.

Заврши проектот за меѓуетничка интеграција – реновирани две училишта

Со свечена програма беше одбележано завршувањето на реновирањето во средното училиште „Никола Карев“ во Струмица и основното училиште „Маршал Тито“ во Банско, во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието во кој учествуваше и општина Струмица.  Во СОУ „Никола Карев“ се реновирани  прозорците, а  во ООУ „Маршал Тито“  целосно е реконструиран покривот, со што...

Советот на општина Струмица ја одржа четвртата седница

Членовите на Советот на општина Струмица ја одржаа четвртата седница. На седницата беа усвоени измените и дополнувањата на буџетот  на општина Струмица, а пред советниците образложение за ова даде градоначалникот Зоран Заев.
-Најважната причина за овој ребаланс на буџетот е традиционалната постапка на сите буџетски институции и јавни институции што работат со буџет, како што се општини, Влада, почнувајќи го својот нов мандат после избори вршат балансирање на состојбите во финансискиот дел на самите институции.

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија"  бр:53/2005 , 81/2005 , 24/2007 , 159/08 , 83/2009 , 48/2010 ,  124/10  51/11 и 123/2012), Општина Струмица, на ден 03.06.2013 година, донесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија"  бр:53/2005 , 81/2005 , 24/2007 , 159/08 , 83/2009 , 48/2010 ,  124/10  51/11 и 123/2012), Општина Струмица, на ден 03.06.2013 година, донесе

Решение за свикување на четвртата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544