СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Општина Струмица ја информира јавноста дека на ден 04.07.2013 г. ( четврток ) , со почеток од 05.00 часот до 06.30 часот ќе се спроведе авионско третирање против комарци на територијата на градот.

Границата на третирање започнува на северо запад од  Гробиштата во правец на Софилар  до с. Добрејци ( Северна Индустриска зона), продолжува североисточно од с.Добрејци (Северна Индустриска зона) во правец на бетонска база Бетон до почетокот на индустриска зона во с.Дабиле. Од индустриска зона во с.Дабиле југоисточно во правец на р. Тркања до раскрсницата на с.Куклиш , и југозападно од раскрсницата на с. Куклиш кон Св. Петнаесет , Ловен дом и се до гробиштата.
Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели , заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства. Во случај на врнежи , третирањето ќе биде одложено за наредниот ден ( 05.07.2013 година , петок ).


Со почит

ЃД-СС/ОДД.ЗЖС



ГРАДОНАЧАЛНИК
на ОПШТИНА СТРУМИЦА
Зоран Заев

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544