Општина Струмица успешно ги спроведува ИСО стандардите

Општина Струмица успешно го изведува, одржува  и развива системот за управување со квалитет согласно со барањата на стандардот ИСО 9001:2008 и системот за управување со околина согласно барањата на стандардот ИСО 14001:2004, ова е заклучокот од редовната проверка која беше изведена на 26 јуни годинава.


-Од страна на тимот на проверувачи на словенечкиот институт за мерење на квалитет SIQ, се контролираше примената на стандардите во сите организациони единици на општина Струмица, при што вработените во општинската администрација, покажаа висок степен на професионалност и посветеност на работата согласно со стандардот за квалитет и стандардот за околината, изјави Спасе Глигоров претставник на раководниот тим на општина Струмица.
Инаку,  Струмица е прва општина во Република Македонија која во 2007 година го воведе стандардот за квалитет  ИСО 9001:2008 и веќе шеста година успешно го спроведува и единствена во државата со стандардот ИСО 14001:2004 за управување со околината.
Овие и останатите европски стандарди во работењето ја прават Струмица најдобра и најперспективна општина во Македонија што е потврдено со над 150 домашни и меѓународни награди и признанија.


© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544