Квалитетот што секоја година го продуцира струмичкиот карневал, како манифестација со вековна традиција, е причината поради која групите од Струмица се чести учесници на карневалските манифестации и надвор од Македонија. Две карневалски групи учествуваа на десеттиот интернационален карневал „Панчево 2013“ што се одржа во истоимениот град во Србија.
Своите карневалски креации пред многубројната публика ги претставија учениците од општинското средно училиште „Димитар Влахов“ со маската „Ајде на кафе“ и газелите од Струмица и Радовиш со маската „Гардистки“.
Ова не е прво учество на карневалски групи од Струмица на карневалот во Панчево. Токму поради тоа, организаторот на фестивалот, на претставниците од Струмица им додели пехар за долгогодишна соработка.