Канцеларијата за европски проекти со обуки за проектен менаџер

Во рамките на имплементацијата на проектот „Развој на алтернативни форми на туризам“ финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка  меѓу Република Македонија и Република Грција, денеска во Струмица  почна  обуката за проектен менаџмент. Во обуката учествуваат 38 луѓе од разни профили кои се пријавија по јавниот повик што го објави Канцеларијата за европски проекти која работи при општина Струмица.


-Првично целта беше да се зајакнат капацитетите на проектното одделение кое го формираше општина Струмица и е меѓу ретките во единиците на локалната самоуправа, но во координација со претставниците од општината констатиравме дека убаво е да се видат останатите капацитети на територијата на општина Струмица и затоа беше јавно објавено. Се пријавија многу луѓе кои сакаат да се обучуваат и со ова луѓето од општината ќе знаат со какви капацитети, освен во проектното одделение, располага општината за проектен менаџмент. Проектниот менаџмент е веќе наука, не е само пишување на проекти, затоа што постојат модули кои што се користат кај сите донатори, вклучително и ЕУ како еден од најголемите поддржувачи на пазарот на донатори и потребна е  некаква основа за да може со тие модули и алатки сето тоа да  се направи на еден организиран начин и да се следат правилата кои веќе се поставени, изјави на денешниот старт на обуката Александар Гумберовски независен консултант.
Основните и напредните обуки се од областа на раководење со проектен циклус, подготовка на ЕУ апликации, расположливи ЕУ фондови и други теми поврзани со проектен менаџмент.


  


© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544