×

Грешка

[sigplus] Critical error: Image gallery folder malgratski_r is expected to be a path relative to the image base folder specified in the back-end.

Струмица доби уште едно прекрасно катче- реконструиран малиот градски парк

[sigplus] Critical error: Image gallery folder malgratski_r is expected to be a path relative to the image base folder specified in the back-end.

Малиот градски парк во Струмица доби комплетно нов лик, кој одлично се вклопува во спецификите на централното урбано јадро со автентичната архитектура на општинската зграда и дел од околните објекти.


Новото партерно уредување со возобновени патеки, прекрасните влезни  порти, новите канделабри, клупи и друга урбана опрема, новото хортикултурно уредување, реконструираниот споменик на паднатите борци на НОВ, донираното црквиче како своевидна макета на новиот соборен храм во изградба и сите други придружни елементи ја комплетираат новата слика на ова  катче за одмор и релаксација. Со реконструкцијата, малиот градски парк ја доби заслужената физиономија и со сите свои функционални содржини и естетски вредности по мерка на граѓаните,  му парира на големиот градски парк.
Убави доживувања, дружби и седенки во новиот лик на малиот градски парк, на граѓаните им посака градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.
-Најважно од се е тоа дека е заокружен уште еден значаен проект во Струмица, реализирано уште едно ветување и одговорено позитивно на барањето и потребите на граѓаните. Треба да се знае дека реконструираниот мал градски парк е плод на заедничкиот ангажман на ЈПКД „Комуналец“ и општина Струмица. Се разбира, како и досега така и овој пат отчетот пред граѓаните не смее да изостане. Тие заслужуваат да знаат дека за реконструкцијата се потрошени вкупно 2.800 000 денари од кои 2.000 000 обезбеди „Комуналец“ а 800 000 денари  се наменски средства од буџетот на општина Струмица. Малиот градски парк од денес свртува нова страница во своето долгогодишно постоење. Новиот лик му дава нов живот и нова можност за опстојување низ времето. Како и досега, така и од денес па натаму, овој парк ќе биде толку радосен колку што ќе бидат радосни луѓето кои ќе уживаат во него. Убеден сум дека паркот и граѓаните, на взаемно задоволство, ќе продолжат да го испишуваат убавиот споменар од своето заедничко живеење, рече градоначалникот Заев.
Градоначалникот Заев и неговите соработници засадија и дрво во паркот што на општината и го подарија учениците од СОУ „Јане Сандански“ кои на државно ниво изработија  најдобар ученички бизнис план.


{gallery}malgratski_r{/gallery}

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544